Автор:

 

“Заминувам” е првиот збор што го изговара главниот лик на романот, откако решил да ја напушти својата жена. Тоа е и последниот збор изговорен од истиот лик кога, по цела година талкања и авантури, со скршено срце, се враќа да го посети она што некогаш било негов брачен дом. Клопчето е одмотано, револуцијата е завршена, заградата се затвора, ликот едноставно малку остарел во меѓувреме. Искусил, би рекле, возбудливи авантури заради нарушување на срцевиот мускул, отишол до Северниот пол за да го врати трезорот со старата ескимска уметност, бил ограбен и самиот бил крадач, измамник и измамен, заводник и заведен, едноставно – живеел. Од сето му останале само нелагодата и уморот.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *