Автор:

 

„Зоран Попоски потекнува од дел на Европа кадешто идејата и политичката реалност на границите во изминатите децении се стекна со ново и честопати проблематично значење. Co тоа, неговиот текст за границите носи печат на вистински интелектуален интерес кој се протега од чисто теориското па се до политичкото. Тоа е добра појдовна точка за истражување која им дава живот на теоретските дебати. Истражувањето не потсетува дека сеприсутната реторика на ‘глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации. Токму трансформацијата на овие концепти на границите лежи во средиштето на интересот на Попоски.”

Волфганг Суцл

„Попоски на извонреден начин го истражува прашањето на ерозијата на некорпоративниот простор, односно она што тој го нарекува узурпација на некогашниотјавен простор од страна на приватниот капитал. Притоа, Попоски особено е заинтересиран за уметничките стратегии на интервенција и субверзија. Посветувајќи сериозно внимание на теоријата на Хабермас за јавната сфера и на дискурсот на Лефевр за производството на просторот, Попоски со право ја издвојува важноста на јавната сфера како борба за простор за претставување, простор којшто претставува основа на политичкото и можноста за политиката.”

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *