Автор:

Книгава е величествена во својот стил, со ефекти налик на волшепство; медитативна, провокативна, со моќ на онирички магнет. Лајтман со хируршки рез навлегува во метафизичкото царство на времето создавајќи книжевна реплика на Ајнштајновиот свет поетично отворен и мистично поврзан со малите човечки приказни. Во брилијантни вињети Лајтман ги истражува врските меѓу науката и уметноста, креативноста и кревкоста. Книгава е жива инспирација за драмските писатели, танчерите, музичарите и сликарите ширум светот.

Алан Лајтман (1948) е американски писател, физичар и социјален претприемач. Докторирал теоретска физика; се занимава со астрофизика, со црните дупки, теоријата на релативноста и динамиката на ѕвездените системи. Пишувањето му е своевиден дијалог меѓу науката, филозофијата, религијата и духовноста. Автор е на шест романи, неколку збирки есеи, мемоари, наративна поема и на неколку научни книги.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *