Модерна Македонија

Концерт за мирис и оркестар – Лилјана Дирјан

Автор: ,

Никола Гелевски од целокупното творештво на Лилјана Дирјан (1953-2017) направи избор, на околу 260 страници. Со триесетина фотографии на Иван Блажев, книгата е објавена во Темплум едицијата „Модерна Македонија“.     ЗА ИСТОТО ПОВТОРНО Да, пишувам, песни на ливчиња од струја, врз телефонски импулси по водомери и доцна навечер кога син ми спие а маж …

Концерт за мирис и оркестар – Лилјана Дирјан Read More »

Лавиринт – Влада Урошевиќ

Автор:

ПЕЈАЧ ВО КУЛАТА

Кој е па толку улав
да пее во таа кула?

Скалите водат во понор.

Од врвот не прокапува а врне.
Внатре е мрачно како во грне.

Да не ти се пристори ни во сонот.

А внатре сепак некој пее.
Не е со сите, но и луд не е.

„Како така? Зошто така?“ Сè да знае светот сакал! (песните за деца)

Автор:

Славко Јаневски (1920-2000) е најважниот македонски писател за деца, а можеби и за возрасни. Од петнаесетината негови детски книги напишани во периодот 1945-1996 овде ги издвоивме, според нас, неговите педесетина најдобри поетски творби. Песните ги поделивме во осум циклуси: Глас до глас сме, Пошла прва камила…, Алала Алилија, Ти си само плашлив зајак!,Ако не е …

„Како така? Зошто така?“ Сè да знае светот сакал! (песните за деца) Read More »

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (избор од поезијата) [2]

Автор:

Тој е поет на изненадувањето, на авантурата, на чудесата и чудесиите, на овоземните миракли. Тој е поет на нескротлива, еруптивна поетска имагинација, кој не наоѓа дефинитивен поетски пристан, ниту едно дефинитивно и завршено поетско устројство на својата поезија. Јаневски е поет на шокантни, на ирационални сновиденија, на фасцинацијата, на бизарни хумористички проблесоци, на фантазмите и …

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (избор од поезијата) [2] Read More »

Птици врз кои ноќта и денот се делат (стоте песни) [01]

Автор:

Се разбира дека Блаже Конески е првиот лик на модерна Македонија, не само во нашава едиција, туку и во целокупниот 20 век. Од неговата разграната и мошне значајна работа во разни области (кодификатор на јазикот, главен уредник на речникот на македонскиот јазик, лингвист, теоретичар, професор, втемелувач и претседател на МАНУ, културен работник…), ние сепак ја …

Птици врз кои ноќта и денот се делат (стоте песни) [01] Read More »