Магма

Премин во времето – Миѓен Келменди

Автор:

„Балканска сага за дваесеттиот век, врз кој се спушта голем бел шал на заборавот.“

Романот претставува слоевита рефлексивна проза, комплексен книжевен меланж, документарна фикција, автобиографски мозаик од низа ликови во чија позадина секогаш ѕирка ликот на нараторот. Дејството се случува во 20 век, главно меѓу двете светски војни, овде, среде „западниот“ ни Балкан.

Раздавање на душата – Цветанка Трпкова

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. Овде претставуваме дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво.Од тие две книги за едицијата Магма издвоивме 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.

Нарилник за вештерки

Автор:

„Нарилник за вештерки“ на Дубравка Угрешиќ е жанровски недофатлива книга. Првиот дел е еден вид продолжена роденденска честитка упатена до сопствената хероина Штефица Цвек. Честитката е истовремено осврт на четириесет години заеднички живот и судбината на еден книжевен лик, една книга и еден автор. Вториот дел од „Нарилник за вештерки“ се состои од долг разговор …

Нарилник за вештерки Read More »

Штефица Цвек во челустите на животот

Автор:

Сакате ли љубовни романчиња? Што и да мислите за нив, ќе уживате во овој врвен пастиш од тривијални љубовни романи. Земајќи ја за главна хероина идеалната читателка на љубовни романи и водејќи ја низ низа ситуации препознатливи како типично „женско искуство“, Дубравка Угрешиќ луцидно покажува до кој степен нашето секојдневие е обликувано според стереотипите што …

Штефица Цвек во челустите на животот Read More »

Стаклениот клуч

Автор:

Дашиел Хемет (1894-1961) е не само првиот туку и најдобриот писател на т.н. тврд американски крими-расказ. Критичарите го ставаат на самиот врв на американската книжевност, веднаш крај Фокнер и Хемингвеј. Нарекуан е „дивиот човек од Сан Франциско“, бидејќи тој е творец на „тврдо-варениот’ херој (или, tough guy). Политички бил лево ангажиран, поради што за време на …

Стаклениот клуч Read More »

Џинџуџе во земјата на афионите

73 АВТОР(К)И. 219 РАСКАЗИ. ЦЕЛ ВЕК ВО ЕДЕН СВЕТ! Во антологијава се застапени 73 македонски автор(к)и од сите генерации родени во 20 век: најстариот е Иван Точко (роден 1914), а најмладиот Андреј Ал Асади (1996). Во тој еден век поместен е цел еден свет на мали фикции (или, во тој еден свет на мали фикции …

Џинџуџе во земјата на афионите Read More »

Вампир-психопат

Автор:

Неверојатен лудак! Литературен алхемичар – маг и шаман едновремено! Само во машината на генијалната литература може да се смеша една таква комбинација од магиско, морбидно, психолошко и филозофско! Дури и капките од оваа налудничава литература во допир со нежна душа предизвикуваат суптилни процепи и паѓања во несвест! Внимателно да се употребува! Да не се тресе …

Вампир-психопат Read More »

Ајнштајновите сништа

Автор:

Книгава е величествена во својот стил, со ефекти налик на волшепство; медитативна, провокативна, со моќ на онирички магнет. Лајтман со хируршки рез навлегува во метафизичкото царство на времето создавајќи книжевна реплика на Ајнштајновиот свет поетично отворен и мистично поврзан со малите човечки приказни. Во брилијантни вињети Лајтман ги истражува врските меѓу науката и уметноста, креативноста …

Ајнштајновите сништа Read More »