Автор:

Луиз Глик е авторка на тринаесет книги поезија и две збирки есеи. Ја добила Нобеловата награда за книжевност во 2020 „за нејзиниот
препознатлив поетски глас којшто низ едноставна убавина го претвора индивидуалното во универзално.“ Добитничка е и на американскиот Национален медал за хуманистички науки, Пулицеровата награда, Националната книжевна награда, Болингеновата награда, Наградата „Волас Стивенс“ на Академијата на американските поети, како и Златниот медал за поезија на Американската академија на уметностите и книжевноста. Предава на универзитетите Јејл и Стенфорд и живее во Кембриџ, Масачусетс.

Дивата перуника_Глик_првите 19 страни

Ти, што не го паметиш
преминот од другиот свет,
ти велам дека пак можев да прозборам: сѐ
што се враќа од заборав се враќа
да си го најде гласот

(од „Дивата перуника“)

Сакаш да знаеш што правам во последно време?
Чекорам низ тревникот пред куќата, навидум
плевејќи. Би требало да знаеш дека никогаш
не плевам, на колена, корнејќи ракатки детелина
од цветните леи: всушност, барам храброст

(од „Утринска“)

А сепак твојот глас секогаш стигнува до мене.
И постојано ти одговарам,
додека ми поминува лутината
како што поминува зимата. Мојата милост
треба да ти е очигледна
во нежниот ветер на летната вечер
и во зборовите што стануваат
твој сопствен одговор.

(од „Залез“)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *