Автор: ,

Овој трогателен Дански графички роман го насочува нашето внимание кон илјадниците луѓе што секоја година исчезнуваат или умират во миграции, особено несреќите на море. Милиони Сиријци избегале од своите земји од почетокот на војната.

Во оваа книга е приказната за Амина. По исчезнувањето на нејзините родители, таа тргнува на патување. Претрупаното бротче во кое патува се превртува и Амина паѓа во морето. Паѓајќи таа размислува за игрите што ги играла со мајка си. Мисли и на Зенобиа, Сириската кралица од далечното минато, воинка со инспиративна сила.

На читателите им е оставено многу простор за размилсување околу тегобните настани опишани во книгава. Текстот е многу редок; страниците без зборови и големите панели ја потенцираат широкоста на морето и патувањето. Ова е моќна, живо илустрирана книга и е корисна како почетна точка за дискусија на Сириската бегалска криза помеѓу возрасните и децата.

Во 2017 „Зенобиа“ ги освои трите најважни дански награди за детска книжевност и илустрација: наградата PINGPRIS, наградата CLAUS DELEURAN и наградата за илустрација за деца и млади на данското Министерство за култура.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *