Куќа на Марс

Автор: Едиција:300 ветрила!

Новата книга на Будимка Поповска – Буде, „Куќа на Марс“, содржи седумдесетина песни. Самата Буде во поговорот вели:

„Оваа книга настана во еден здив за време на мојот престој ‘Во хотелот за Марсовки’, помеѓу смртта на Милан, Хинки, Меги и Шуки во средната точка помеѓу Индиски и Тихи Океан… Помеѓу ‘Само чекам да помине’ и ‘Тргни, трни кон мене’, ‘Ми треба свет отворен за 5000 луѓе’, и ‘Не се доволни зборови, само обични зборови’. На само 50 метри од Вардар, реката во која сосема случајно потона мојот кревет, една мирна ноќ во јуни. Среќа што во тој миг (не) бев во него. Скопје мирисаше на задоцнети јорговани, печени пиперки и цимет, а градската служба за влечење никогаш не успеа да го најде… Ме извадија само мене, и тоа одеше како ударна вест на сите портали.
И додека од реката вадеа стари шпорети, телевизори, грамофони и машини за мраз, сфатив дека за да сонуваш на големо, сонот не мора да е голем, и не ти треба кревет. Треба само да знаеш дека сѐ е сон, и дека ти си сонувачот што го држи воланот.“

Фрагмент од книгата

Leave a Reply

*

*