Новела за сонот

Автор:

Имам впечаток дека вие, благодарение на интуицијата – или, подобро речено, поради внимателното самонабљудување – за другите луѓе го знаете сето она што јас го открив со долготрајни проучувања. Верувам дека во основата вие сте истражувач на психолошките длабочини.
(Сигмунд Фројд, писмо до Шницлер, 1922)

Артур Шницлер (1862-1931) е австриски писател роден во Виена, чии дела откриваат длабоко познавање на несвесното и потсвесното. Поради нагласената провокативност, поради неприкриените еротски и психоаналитичарски тонови, книгите и драмите на Шницлер во триесеттите години на дваесеттиот век биле забранети од нацистичката партија во Германија и Австрија, и покрај тоа што во нив постои одреден антисемитизам.

„Новела за сонот“ е своевидна психо-рапсодија која се случува во една халуцинантна ноќ. Префинетото опишување на мрачните страни на еротизмот и комплексното истражување на психолошките длабочини на младиот брачен пар на книгава ѝ го обезбедуваат местото меѓу класичните дела на 20 век. Досега се снимени два филма според „Новелата…“: помалку познатиот на Волфанг Глик (1969) и оној на Стенли Кјубрик, „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut, 1999).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *