Случаи

Автор:

Во круговите на руската уметничка авангарда Данил Хармс (1905–1942) се појавува кон средината на дваесеттите години на 20 век и речиси веднаш зазема едно од челните места. Извонредно се снаоѓал во сите книжевни жанрови, но многу често ги пречекорувал жанровските и формалните граници, доживувајќи го „пишувањето како празник“.

Хармс целиот свој живот бил оспоруван, прогонуван, затворан од советските власти. Повеќето негови дела биле објавувани во тајност. Затоа вистинско откритие за светот тој станал неколку децении по смртта. На Хармс денес се гледа како на еден од најголемите мајстори на црниот хумор, еден од најинвентивните и најхрабрите писатели за деца, но и како на еден од најимитираните писатели кој веќе со самото свое име – налик на Хичкок, Чаплин, Кафка или Џојс – означува стил и епоха.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *