Автор: ,

Поема за маркизата Помпадур, Казанова и дворскиот педераст.

Поезија за деца.
Илустрации: Ѓорѓе Јовановиќ

Фрагмент од книгата:

„Маркизата де Помпадур, симболот за гламур,
еднаш, во Севр, посетила за текстил панаѓур.
И таму се случил своевиден каламбур.

Со рококо фризура, на штикли, Помпадур
во таа пригода носела бунда од самур
или кенгур. Под бундата имала велур.

(Некои верзии велат дека опфатена од сплин
и меланхолија носела бунда од хермелин,
а под бундата имала крепдешин или муслин.)

Нејзиниот љубовник, Казанова, познат ќелепур,
истовремено бил и моден советник и трубадур.
Ѝ рекол: „Шуќур, конечно текстилен панаѓур!

На исландскиот штанд продаваат шетланд.
А по рафтовите се наоѓа и тафт.“
Помпадур прашала: „Зифт тафт?

(…)“

Повеќе за книгата

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *