Автор:

 

Зигмунд Бауман (1925 г.) веројатно е најугледниот жив светски социолог во моментов. Неговиот иинтерес допира области како културата, политиката, слободата, етиката… Влијанието на Бауман е значајно, меѓу другото, и затоа што тој долги години се занимава со контроверзите на постмодернизмот и со неговите импликации за животите на поединците и општествата. Залагајќи се за концептот на т.н. постмодерна етика, тој ја преиспитува универзалистичката етика. Според него, во времето во кое живееме постојат мноштва организациски системи и култури и затоа не може да постои консензус за универзалноста на етичките кодови. Затоа тој смета дека барањето универзална рационалност во етиката е или илузија или маскиран обид да се употреби сила која ќе ги принуди луѓето да дејствуваат небаре такво нешто постои. Бауман не нуди лесни дефиниции туку нуди нов морален концепт кој во прв ред подразбира себепреиспитување и саможртва, оставајќи простор дејствата што се преземаат да бидат исправни во еден контекст а погрешни во друг.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *