Автор:

elena_mЈасно е дека регулирањето на говорот на омраза генерално е прифатено, во смисла на негово казнување во различни степени. Европското искуство оди во правец на засилување на принципот на недискрими¬нација со правото да не се биде дискриминиран (Протокол 12 од Европ¬ската конвенција за човековите права) и со обидот за проширување на институтот „промоција на еднаквост”. Овие два института бараат далеку поголема активност на државата во елиминирањето на посуптилните форми на индиректна дискриминација и создавање услови за ефек¬тивна еднаквост на можностите.

Ова се одразува и на припадниците на различните културни групи и посебно на говорот на омраза во смисла на далеку поголема чуствителност за опасностите од јавни говори кои содржат нетрпеливост и ксенофобија (посебно види во препораките на ЕЦРИ, Совет на Европа). Европското искуство прифаќа да влезе во правна разврска на преклопените права: право на слобода на изразување и право да не се биде навредуван по етничка и културна основа. Оваа раз¬врска оди кон „стеснување” на слободата на изразување и кон поголем социјален простор за слободата на изразување на културните говори.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *