Автор:

uilsman

Романот „Наспроти” се смета за библија на декаденцијата. Оваа книга била пример и поттик Оскар Вајлд да го напише својот познат роман „Сликата на Доријан Греј”. Рускиот филозоф Николај Берѓаев изјавил дека овој роман е најзначајното дело на современата француска книжевност (мислејќи на почетокот на 20-от век), а стариот декадент и човек со најпрефинети манири Барб д’Орвил воскликнал: „После ваква книга, на писателот не му преостанува ништо друго освен да бира меѓу цевката од пиштолот и подножјето на крстот!”

 

Оваа книга е полна со размислувања за животот и уметноста, со епизоди од животите на другите, со мечти, психолошки анализи, посебно верско расположение, остроумни и строги книжевни судови. Таа не само што означува пресвртница во романескното творештво на Уисманс туку и ги одбележува битните промени во францускиот роман од крајот на 19 век, пред сè, прекинот со натурализмот.

Жорис-Карл Уисманс (1848-1907) на книжевната сцена дебитирал со збирка песни во проза. Неговите почетоци се во знакот на натурализмот. Се прославува со романот „Наспроти”. Јунакот на овој роман, Жан Дезесент, „е син на Бодлер, кој копнее по идеали и бескрај”. Заситен од монденскиот живот и вулгарните љубовни авантури (од кои некои се детално опишани во книгава), Жан Дезесент се издвојува од друштвото на луѓето и живее сам, во вила надвор од градот, која претставува „свет за себе”. Неговиот живот е спротивен од животот на другите, всушност, претставува еден вид бекство. www.templum.com.mk/

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *