Автор:

33.teorijaАктуелна, полемична и сјајно артикулирана критика на поимот „општество на знаењето“. Низ деветте хируршки прецизни поглавја овој есеј за европската политика на образованието и културата ги анализира медиумските појави од типот на „Милионер“ и нему сличните квизови на квазизнаењето, ги разгледува серијата неуспешни реформи во образовниот систем и размислува околу новосоздадената манија за рангирање на образовните институции. Рзгледани се и бескрајните и бесплодни јавни и приватни дебати за падот на знаењето од основното и средното училиште.

Со бројните и духовити прмери од денешната универзитетска практика Лисман предупредува дека политиката на попуштање спрема „капитализацијата на духот“ сосема ја заменува многу поважната политика која во моментов отсуствува: „продуховување на капиталот“. Целокупната образовна политика, всушност, според Лисман, се влева во општата, масовна и сеприсутна (која просто вреска и боде очи насекаде) необразованост. А омилената политичка фраза „општество на знаењето“ јасно се покажува како испразнета демагошка фраза.

Теорија на необразованието е најпознатото дело на Лисман кое во Австрија е објавено во 16 изданија и доживеа бројни критички пофалби.
„Се’ веднаш станува подобро кога ќе се ликвидираат структурите на некоја институција, па тогаш поединците кои останале без упориште онечно се однесуваат онолку флексибило како што тоа им го пропишув идеологијата на реформата.“ – Конрад Пол Лисман

Фрагмент од книгата овде

1 thought on “Теорија на необразованието [33]”

  1. Небојша Вилиќ

    Ова е НАЈТОП книга што сум ја прочитал во последниве 5-6 години.
    Книгава е „MUST“, пред сè, за сите новинари, а особено за оние кои ги следат случувањата во реформите во високото образование.
    + Книгава е „MUST“ за секој вработен насѕавник на УКИМ!!!

    Честитки и благодарност за преводот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *