29Содржина:

МРАК
Маргина својот простор во рубриката “Маргина – елементи на самосвест” му го отстапува на фанзинот во подготовка, “Мрак” и на провокативниот текст на основоположникот на “Мрак”, господинот КонтраБанда(ш)

ДОМ
Ударниот темат во овој рој му го посветуваме на “претресувањето” што денес значи “Дом”. Куќа, нација држава, компјутер? Застапени се текстовите на Брендан Гил “Повеќе од куќа – идеја во која живееме” ,
Флориан Броди (Мој дом е мојата меморија е мој дом, групата Аилкно Електронска осаменост, Мануел де Ланда Дом – мрежа или хиерархија?
Пандалф Вулкански (Децентриран дом и разговорот со извонредниот ЦД – уметник кој гостуваше и во Скопје, Џорџ Легарди.

СКОПСКИ РАСКАЗИ
Кон тематот за “Дом” се надоврзуваат расказите за нашиот град. Овојпат се застапени Ташко Георгиевски со расказот “Куќа под Калето” и Драги Михајловски со расказот “Ѓон”.

ХАОС2
Темата за хаос, под влијание на еден од ретките македонски позанавачи на оваа област, Драган Јаконовски, ја насочуваме во правец на КОМПЛЕКСНОСТА. Донесуваме два текста “Прилагодување кон сложеноста” на Расел Радин и “Едноставно и сложено” на Џон Касти.

ЏИМ ВУДРИНГ
Еден од стрип-цртачите за кои многу се зборува, меѓу другото и во елитните уметночки списанија, е Џим Вудринг. Текстот за него го напиша Даглас Волк.

РУСКА САТИРА
Вредниот соработник на Маргина г-динот Павел Попов подготви еден прилично обемен темат кој опфаќа период од 300 години извонредно важно книжевно творештво. Се разбира дека застапеното во Маргина е само капка во морето на руската особено изострена во литература смисла за комично, цинично и духовито.
Дури може да се каже дека еден од темелите на руската литература воопшто е токму сатиричниот дух. Застапени се прозни извадоци од делата на: Ј. Књажнин, Крилов, Салтиков-Шчедрин, К. Прутков,
Гогољ, Човекот без слезина, Достоевски, Аверченко, Иљф и Петров,
Зошченко, Булгаков, В. Војнович, Е. Харитонов, Е. Попов. Павел Попов дава мал преглед за авторите и неговиот избор.

МАНИРИЗАМ
Со четвртото продолжение го завршуваме големиот тематски блок за Маниризмот, главно согледан низ текстовите на еден од најголемите
светски авторитети за овој период на уметноста, Густав Рене Хок. Бидејќи уметноста на нашето време, тнр. “постмодернизам”, во голема мера е коресподентна со маниризмот (наспроти крутата класичност) се разбира дека Маргина на овој или оној начин останува во рамките на “маниризмот”, посветен на историската димензија на овој клучен уметнички феномен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *