Автор:

По неколкуте поглавја објавени пред 25 години во списанието „Маргина“, славниот стрип „Маус“ конечно и интегрално е достапен на македонски, во сјајно издание во едицијата Лифт.

 

„Има ли нешто позачудувачко, во аналите на неверојатни настани, од одобрувањето од страна на публиката и критичарите, со кое беше дочекан дводелниот стрип за Холокаустот? Маус, како што е наречен овој ексцентричен проект, е објавен во 1986 и 1991 година, а негов автор е Арт Спигелман (Art Spiegelman), графички уметник и повеќе од дваесет години активен андерграунд стрип-цртач. Андерграундот е место каде што, смета самиот Спигелман, најверојатно и ќе остане.

Но наспроти сите очекувања, неговиот стрип во две книги, Маус – сеќавања и историја на прогонувањата на неговите родители Евреи во Полска, за време на војната и нивното интернирање во Аушвиц – стана интернационален бестселер. Стрипот му донесе на Спигелман Пулицерова Награда, и многу други почести.

Како и искуствата што ги опишува, Маус не дозволува конвенционален опис. Тој е збиена, необична уметничка творба која својата публика ја внесува во еден посебен свет. Во полето што го опфаќа, темата со која се занимава, Маус е особена визија – по структурата, тонот, визуелниот и емоционалниот ефект: тој е возбудлив, суров – и шармантен. Освен тоа, Маус е величествен стрип по начинот на кој ги користи специфичните особини на овој медиум, и по подготвеноста да се зафати со која било тема, дури и со Хитлеровото „Крајното решение“. Дијаграми, мапи, додатоци, крупни кадрови, интерпункција, облачиња со дијалози и безброј други знаци што ја сочинуваат телеграфијата на стриповите, се вокабуларот на Маус.“

(од „За Спигелмановиот Маус“ од Авис Берман)

Повеќе на Окно

 

Рекле за „Маус“:

Најдобриот стрип што сум прочитал. Нема ниту еден ред, ниту еден збор повеќе. Многу директен, многу моќен, многу интригантен.

Steve Bell

Извонредно дело и по својата замисла и по својата изведба… истовремено и роман и документарец и мемоари и стрип. Брилијантно, едноставно брилијантно.

Jules Feiffer


Поради Маус самите стануваме сведоци на поинаков начин: поради самата површинска нестварност всушност можеме да ја видиме подлабоката стварност.

Newsweek

Галерија:

 

2 thoughts on “Маус”

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *