Животот на животните

Автор:

Идејата за човековата суровост кон животните толку ја обзема романописателката Елизабет Костело што таа веќе не може да поднесе да ги гледа луѓето в очи: луѓето, особено оние што јадат месо, ѝ изгледаат како конспиратори во злосторство од вчудовидувачки размери, кое се случува на фармите и во кланиците, во фабриките и во лабораториите низ светот. Костело се соочува со разни сочувствителни и скептични реакции во однос на прашањата за правата на животните, допирајќи широки филозофски, антрополошки и религиски перспективи.

Оваа книга се состои од две предавања што нобеловецот Џ. М. Куци ги одржал во рамки на престижните Танерови предавања. Куци вешто конструира метафикционален текст кој се развива на рабовите на академската филозофска расправа и фикционалната книжевност, за да претстави силно потресна дискусија за правата на животните во сета нивна комплексност. Книжевноста, филозофијата, перформансот и длабоките човекови убедувања – Куци ги внесува во игра сите овие елементи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *