Автор: ,

Никола Гелевски од целокупното творештво на Лилјана Дирјан (1953-2017) направи избор, на околу 260 страници.

Со триесетина фотографии на Иван Блажев, книгата е објавена во Темплум едицијата „Модерна Македонија“.

 

 

ЗА ИСТОТО ПОВТОРНО

Да, пишувам, песни
на ливчиња од струја, врз телефонски импулси
по водомери и доцна навечер
кога син ми спие а маж ми не е дома
пишувам без хартија пред себе
во темната комора на спалната
при лаежот на глутницата
и ноќната расправија откај соседите
нешто ми останува и за сонот
цели приказни потопени во густа смола
од црн бор и бела бреза
течам по пат капка по капка
во шишенца, лажички за кафе, пипети
и го добивам
наутро обликот на солзата
совршено мало ремек-дело
праокеан
жива вода
почеток на денот.

Фрагмент од книгата овде

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *