Автор:

Во 2006 во САД се појави стрипот „Македонија“ од тројца американски автори: славниот Харви Пикар, цртачот Ед Пискор и младата Хедер Роберсон. Кај нас, во Македонија, стрипот се појавува со задоцнување, но, за среќа, тој не е застарен. И претставува, меѓу другото ,и интересен историски документ, првенствено за периодот по „Рамковниот договор“.

Главен лик во стрипот е американската студентка Хедер Роберсон, посветена мировна активистка, која со години тврдела дека војната може да се избегне. Но постојано се соочувала со контрааргументи, дека војувањето е неизбежна последица на светските конфликти. Навистина, Хедер сфаќа дека докажувањето е малку незгодно без конкретни примери. Затоа прави нешто малку лудо: се упатува кон далечната Македонија за да го истражува регионот што бил на работ на насилство, но не паднал во него.

Нејзините доживеалици се живописно претставени: пријателите се обидуваат да ја „вразумат“, ја мамат таксисти и хотелиери, ја вознемируваат сомнителни мажи, и сите мислат дека е шпион. Но, таа исто така создава и неочекувани пријателства, учи дека да се изгубиш значи да научиш нешто ново, и открива зачудувачки работи. Војната е пекол и мирот е тежок – но конфликтот може да биде и корисен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *