Во сабота, 27 февруари, во 13 часот, во кафе-книжарницата Буква (зад Кино Култура во Скопје) ќе се одржи доделувањето на наградите од Третиот годишен конкурс за стрип ЛИФТ за 2020. Притоа ќе биде промовирана и книгата ЛИФТ #3 во која се собрани сите пристигнати дела на конкурсот.

Годишната награда за најдобар стип ЛИФТ ја доделуваме од 2018 година.

Целта на стрип-наградата ЛИФТ е да ги промовира и афирмира овдешните стрип-автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата – со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор.

Традиционално, сите пристигнати стрипови на конкурсот ги објавуваме во книги, и тие претставуваат значаен доказ за насоките на развој на домашната стрип-сцена.

 

На првиот конкурс за ЛИФТ победници беа: Никола Панов (главна награда), Стефан  Николовски (втора награда) и Оливер Цветковски (трета награда). Во книгата се застапени уште 19 други автор(к)и.

На вториот конкурс за ЛИФТ победници беа: Јована Велинова (главна награда), Џошкун Алиевски (втора награда) и Александар Стеванов и Дарко Богданов (трета награда). Во книгата се застапени уште 15 други автор(к)и.

На третиот конкурс, во 2020, главната награда ја доби Евгенија Трајковска.Второто место го делат тројца автори: Климентина Соколовска,  Анастасија Зафировска и Иван Коминовски. Во книгата се застапени уште 13 други автор(к)и.

 

Повеќе информации за наградата на следниот линк.

 

 

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *