Посебни изданија

Градски и шумски приказни – Мимоза Петревска Георгиева

Оваа збирка раскази жанровски флотира помеѓу зачудноста и реалноста. Со својата книжевна техника, стилски гест и структурата во која се распределени ситуациите и ликовите, авторката создава анти-идеологиски простор во кој секој читател може да го ‘реконструира’ своето животно искуство и резиме. Книжевната субверзија на ова дело е единствена од повеќе причини, а една од нив …

Градски и шумски приказни – Мимоза Петревска Георгиева Read More »

12 македонски фотограф(к)и

Главната намера на книгава е комплексноста на фото медиумот да ја претстави преку погледот врз еден дел на современата македонска фотографска сцена. Богатството на медиумот сакаме да го доловиме претставувајќи ја таа сцена што покомплексно и поразлично

Сеир и ништо

Автор: ,

„Сеир и ништо“ е илустрирана игранка со зборови која на посебен начин ги обединува стрипот и реченицата како жанр. Прва е од ваков вид на овие простори и има за цел на забавен и поттикнувачки начин да ги обликува визуелните кадри во главата на читателот кои се производ од прочитаните зборови, реченици и сите нивни смисли. Подеднакво е забавна за гледање за најмладите, како и за ментално вежбање за повозрасните; сосема веродостојна метафора за овој тип на книга е – „книжевна Лего-коцка”.