Саем на книгата

Панда во дрон – Пандалф Вулкански, Ристо Аврамовски

Автор:

Темплум стрипот  „Панда во дрон“ е дело на Пандалф Вулкански (автор на текстот) и Ристо Аврамовски (автор на илустрациите). Ова е, накусо, приказната на стрипот од осумдесетина страници, наменет истовремено и за деца и возрасни: Панда и Анаконда си живеат заедно, на хациенда, во Уганда. Веднаш до нив живеат сестрите близначки, Линда и Белинда, кои …

Панда во дрон – Пандалф Вулкански, Ристо Аврамовски Read More »

Небесна пантомима – Зоран Анчевски

Небесна пантомима насловна

Автор:

Зоран Анчевски (р. 1954, Скопје) е значаен македонски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Погледенете дел од поезијата застапена во „Небесна пантомима“ издадена во 2018-та.

Што е груевизам: зборник текстови

груевизам, Никола Груевски

Во книгата „Што е груевизам“ се застапени текстови од следните автори: Никола Младенов, Роберто Беличанец, Бранко Тричковски, Гордана Попсимонова, Владимир Милчин, Никола Гелевски, Мирослав Грчев, Јадранка Костова, Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Рамадан Рамадани, Искра Гешоска, Ѓунер Исмаил, Сашо Орданоски, Мерсел Биљали, Ида Протуѓер, Елена Михајлова, Жарко Трајаноски, Саше Ивановски, Ѕвездан Георгиевски, Емил Алексиев, Златко Теодосиевски, Синоличка Трпкова, Роберт Алаѓозовски и Иван Шопов.

Стаклениот клуч – Дашиел Хемет

Дашиел Хемет (1894-1961) е не само првиот туку и најдобриот писател на тн. тврд американски крими-расказ. Критичарите го ставаат на самиот врв на американската литература, веднаш крај Фокнер и Хемингвеј.

Раздавање на душата – Цветанка Трпкова

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. Овде претставуваме дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво.Од тие две книги за едицијата Магма издвоивме 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.