Автор:

 

Романите на Жан Ешеноз се материјализација на необјаснивата секојдневна мистерија: допир на чудото што навлегува во конкретната реалност и во идентитетот на неговите ликови, кои понекогаш се наоѓаат на работ од психопатолошкото. Тој пишува за онаа точка каде прашањето на идентитетот преминува во прашање за судбината, прашање за нужноста. Неговите ликови се како хероите од античките трагедии, бегаат од тајната што ја кријат во себе само за да ја остварат. Тие не се опседнати толку со прашањето за сопствениот идентитет колку со прашањето за слободната волја во однос на идентитетот што ги задушува. Да се биде слободен, тоа би значело човек да има можност да не биде она што е. Големиот почитувач на Набоков, Кено, Флобер и Фокнер, мајсторите на стилот и речникот, често својот романсиерски опус сака да го толкува како посвета на некои автори. На пример, книгава што ја држите во раце може да биде посвета на големиот мајстор на суспенсот, Алфред Хичкок!

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *