Оваа збирка раскази жанровски флотира помеѓу зачудноста и реалноста. Со својата книжевна техника, стилски гест и структурата во која се распределени ситуациите и ликовите, авторката создава анти-идеологиски простор во кој секој читател може да го ‘реконструира’ своето животно искуство и резиме.

Книжевната субверзија на ова дело е единствена од повеќе причини, а една од нив е начинот на акварелно и нежно исцртување на моќни но подземни социо-психолошки мотиви.
Книжевните слики на ‘Градски и шумски приказни’ се проникнати со илустративниот имагинариум на шестмина македонски илустратори, со што добиваме едно комплексно книжевно-ликовно дело, кое со читателот комуницира „на прв поглед“. (Искра Гешоска)
Мимоза Петревска Георгиева е новинарка со долгогодишно слатко-горко искуство во светот на македонските медиуми. Авторка е на книгата „Живот вреден за живеење“ и на едукативната детска сликовница „Иван и Илина“. Сопруга е и мајка на три ќерки: Илина, Бисера и Ангела.
Автор(к)и на илустрациите во книгата: Горан Дачев, Бисера Георгиева, Маја Стефановска, Билјана Василева, Перо Георгиев и Ѓорѓе Јовановиќ.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *