Автор:

Дашиел Хемет (1894-1961) е не само првиот туку и најдобриот писател на т.н. тврд американски крими-расказ. Критичарите го ставаат на самиот врв на американската книжевност, веднаш крај Фокнер и Хемингвеј. Нарекуан е „дивиот човек од Сан Франциско“, бидејќи тој е творец на „тврдо-варениот’ херој (или, tough guy).

Политички бил лево ангажиран, поради што за време на макартизмот бил во затор. Објавил пет антологиски романи, триесетина раскази, неколку филмски сценарија, а работел и на стрипот на А. Рејонд, „Тајниот агент Х-8“.

Неговата проза извршила значајно влијание врз филмот. Хемет се смета за основач на современиот „hardboiled“ детективски роман.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *