Едиции

Женски икони на XX век [15]

Автор:

  Светлана Слапшак (1948, Белград), антрополог, класичен филолог и проследувач на културните феномени, е една од клучните личности кои низ регионов ги трасираат речиси непроодните патеки на феминистичката теорија. Книгава пред вас е своевиден поп-лексикон кој опфаќа 60 одредници, од Агата Кристи, Брижит Бардо, Ана Мањани, преку Фрида Кало, Гертруда Штајн, Марлена Дитрих, Марија Кири, …

Женски икони на XX век [15] Read More »

Човекот кој беше Четврток [87]

Автор:

  Човекот кој беше Четврток претставува необична мешавина од детективски и филозофски роман. Врз првиот основен слој на романот, замислен како возбудлива детективска приказна, се поставуваат многу сериозни прашања поврзани со идејата за вистината и привидот, границите и капацитетите на перцепцијата, односот меѓу илузијата и реалноста. Најдобриот опис на романот го има понудено Кингсли Ејмис, …

Човекот кој беше Четврток [87] Read More »

Светулки и мракови 1997-2001 [14]

Автор:

  Текстовиве во книгава беа објавувани во двонеделникот Форум од крајот на крајот 1997 година до средината на 2001-та. Станува збор за 86 текстови што беа поместени во рубриката на Светулки и Мракови. Овие текстови настануваат во еден сè уште недоволно дефиниран простор (што може да се нарече медиологија), простор меѓу журналистичкото и теориското, меѓу …

Светулки и мракови 1997-2001 [14] Read More »

Исповедта на убиецот [86]

Автор:

Романот „Исповедта на убиецот” настанал во 1936 година и многумина го сметаат за најзрело уметничко остварување на Рот, посебно карактеристично за неговиот стил и начин на раскажување. Како и другите јунаци од неговите романи, и Семјон Семјонович Голупчик е осуден на пропаст. Слабакот кој е опседнат од жена го упропастува својот живот. И во ова …

Исповедта на убиецот [86] Read More »

Постколонијална критика [13]

Автор:

  Гајатри Чакраворти Спивак е една од највлијателните културни и книжевни теоретичарки којашто пишува во Соединетите Американски Држави, а предава на различни академски институции низ светот. Нејзините интервенции во марксистичката, феминистичката, деконструктивистичката, психоаналитичката и историографската проблематика се добро познати и коментирани. Уште од 1976 година, со англискиот превод на За граматологијата на Дерида, таа се …

Постколонијална критика [13] Read More »

Вечно сегашно време [85]

Автор:

  Вечно сегашно време е љубовна приказна целосно распространета низ улиците и препознатливите места во Скопје. Романот ја преиспитува идејата за љубовта како игра и онеобичување на секојдневието, потреба другиот да се изненади и зачуди. Ликовите постојано се доближуваат и оддалечуваат еден од друг, непрестајно доведувајќи се врз несигурна почва. Текстот комбинира две раскажувачки постапки …

Вечно сегашно време [85] Read More »

Причините за распаѓањето на СФРЈ [12]

Автор:

  Со научнопопуларен стил, со употреба на архивски извори и историска граѓа, со користење на цитати од главните актери на “југословенската драма” (1974-1990), Дејан Јовиќ на читателите им ги образложува идеолошките, економските, етничките, културните и правните причини поради кои Југославија како идеократска творба – изумре.  

Прислушкувач [84]

Автор:

  Проучувајќи ги човечките недостатоци и настраности, ка­­­рак­терните особини и опсесии, Канети на еден многу духовит начин, преку играта на зборови, понекогаш и со помош на надреални слики, ja користи стараta метода на Теофраст и & дава сопствен, модерен печат. Своето животно искуство и исклучителната моќ на забележување тој ги претвора во специфична стилска форма …

Прислушкувач [84] Read More »