Автор:

 

Кога го читаш Газданов, станува очигледно дека 99% од советските прозни писатели и 90% од емигрантските не знаат ништо за литературата, дека нивните зборови не се чувствуваат, не се изговараат, туку се случајно расфрлани како букви од печатарскиот слог.

Владимир Вејдле

Во “Призракот на Александар Волф” се сосредоточени клучните и опсесивни теми на Газданов: судбината, улогата на случајот, преобразбата на личноста, смртта, двојникот… Главниот лик е прогонуван од едно сеќавање за убиство кое всушност не го направил. Кога тој, најпосле, по многу години, во емиграција ќе го сретне човекот што мислел дека го убил, својот своевиден двојник – се случува сплет од многу необични настани. Во “The New York Times Book Review” Рене Фулоп-Милер успехот на романот го гледа во вештината на Газданов да создаде “необична, но мошне умна мешавина на роман, психолошка студија и репортажа”. Ани Бриер во суптилната критика во “Nouvelles litteraries” ја издвојува “халуцинантната атмосфера на тој “блескаво напишан роман”.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *