Детство, лето, град [89]

vlada

Автор:

Во книгата Детство, лето, град се собрани песни, раскази, сеќавања, интервју кои се обединети околу темата детство. Може слободно да се каже дека детството, всушност, е една од најголемите опсесии на Влада Урошевиќ. Во овој избор од речиси сите поетски и прозни книги авторот го опишува својот „златен век“, времето на „изгубениот рај на земјата“ …

Детство, лето, град [89] Read More »

Доба на крајности (три тома) [17]

Автор:

  Целта на книгава не е да ја раскаже приказната за скратениот дваесетти век, од 1914 до 1991. Мојата цел е да разбереме и да објасниме зошто настаните се одвивале токму така како што се одвивале и каква била нивната взаемна врска. За секој кој е на моја возраст, односно кој живеел низ целиот скратен …

Доба на крајности (три тома) [17] Read More »

Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика [16]

Автор:

  Во новата книга на Никола Гелевски, Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика, се собрани колумните што авторот ги објавува во дневниот весник Утрински весник. Во предговорот на својата книга Никола Гелевски ќе напише: “Среде инфлацијата од колумнисти кои мошне лесно ја сфатија улогата на „јавен интелектуалец” (која неколкумина од нив ја сведоа на …

Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика [16] Read More »

Огнен Спахиќ – Хансеновите деца [88]

Автор:

„Хансеновите деца“ е возбудлив и застрашувачки роман за луѓето во последниот европскиот лепрозориум, на југоистокот на Романија. Во времето на падот на тоталитарниот режим на Чаушеску група луѓе се заробени во лепрозориумот, а истовремено и во своите индивидуални судбини. Силна и убедлива приказна, една од оние коишто постојано се читаат и одново се откриваат. Секој …

Огнен Спахиќ – Хансеновите деца [88] Read More »

Женски икони на XX век [15]

Автор:

  Светлана Слапшак (1948, Белград), антрополог, класичен филолог и проследувач на културните феномени, е една од клучните личности кои низ регионов ги трасираат речиси непроодните патеки на феминистичката теорија. Книгава пред вас е своевиден поп-лексикон кој опфаќа 60 одредници, од Агата Кристи, Брижит Бардо, Ана Мањани, преку Фрида Кало, Гертруда Штајн, Марлена Дитрих, Марија Кири, …

Женски икони на XX век [15] Read More »

Човекот кој беше Четврток [87]

Автор:

  Човекот кој беше Четврток претставува необична мешавина од детективски и филозофски роман. Врз првиот основен слој на романот, замислен како возбудлива детективска приказна, се поставуваат многу сериозни прашања поврзани со идејата за вистината и привидот, границите и капацитетите на перцепцијата, односот меѓу илузијата и реалноста. Најдобриот опис на романот го има понудено Кингсли Ејмис, …

Човекот кој беше Четврток [87] Read More »

Светулки и мракови 1997-2001 [14]

Автор:

  Текстовиве во книгава беа објавувани во двонеделникот Форум од крајот на крајот 1997 година до средината на 2001-та. Станува збор за 86 текстови што беа поместени во рубриката на Светулки и Мракови. Овие текстови настануваат во еден сè уште недоволно дефиниран простор (што може да се нарече медиологија), простор меѓу журналистичкото и теориското, меѓу …

Светулки и мракови 1997-2001 [14] Read More »

Исповедта на убиецот [86]

Автор:

Романот „Исповедта на убиецот” настанал во 1936 година и многумина го сметаат за најзрело уметничко остварување на Рот, посебно карактеристично за неговиот стил и начин на раскажување. Како и другите јунаци од неговите романи, и Семјон Семјонович Голупчик е осуден на пропаст. Слабакот кој е опседнат од жена го упропастува својот живот. И во ова …

Исповедта на убиецот [86] Read More »