Автор:

 

Во почетокот на јануари 1921 година ми беше преда-дено едно писмо од болни-цата во Ница. Го нашле покрај некој очајник којшто сам си го пресекол гркланот. Постоела мала надеж оти тој ќе преживее од раната. Јас го прочитав и бев обземен од мрачните бранувања на генијот.

Тој го работел секој занает: служител во крчми, слаткар, бравар, казанџија, механичар, прост работник, носач, слуга, човек-сендвич, цртач на фирми, бојаџија, но-винар, фотограф… Едно време, тој бил замешан во ре-волуционерните движења. Поминал низ Египет, Сирија, Јафа, Бејрут, Дамаск и Либан, Ориентот, Грција, Ита-лија, најчесто без пара в џеб, а, понекогаш, и како слеп патник на некој брод каде што кога ќе го откриеле на отворено море, го исфр-лале на брегот, во првиот пристан.

Овој гениј на сказните е толку незапирлив што во пис-мото спроти само-убиството, два пати прекинува со без-надежните поплаки за да раскаже две шеговити случ-ки од неговиот минат живот.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *