Автор:

109.-tolkuvacot„Толкувачот“ е роман за тоа како еден симултан преведувач е најмен од еден англиски спортски новинар, кој истражува за што навиваат Албанците среде дневно-политичкит превирања. Романот поттикнува обид да се разбере секојдневието не само од гледна точка на преведувачот, кој се труди да му протолкува на странецот што се случува во неговата земја, туку ги засега сите што се почувствувале како странци уште пред да излезат од дома, па се обидуваат некако да го протолкуваат патот низ навивачката бркотница наречена транзиција. Среде толпата се појавуав и отпуштениот професор кој се обидува да го провоцира површниот светоглед на толкувачот. Толкувачот, пак, често препознава искривоколчени призвуци од исказите на професорот што провејуваат низ приказните на бројните ликови интервјуирани од новинарот. Оваа приказна од Албанија морничаво лесно се вклопува и во тукашниот контекст, така што на мигови потсетува на искривено циркуско огледало кое не е баш исправно, па понекогаш одразите делуваат поверодостојно отколку смешно.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *