Десетте најдобри раскази на светот
Идејата е едноставна: десет писател(к)и го избираат својот омилен расказ. Нивните десет избрани раскази ја формираат книгава: „Десетте најдобри раскази на светот“.
Идејата е едноставна: десет писател(к)и го избираат својот омилен расказ. Нивните десет избрани раскази ја формираат книгава: „Десетте најдобри раскази на светот“.
Автор: Тања Аждаја, Џо Брадестиот
„Сеир и ништо“ е илустрирана игранка со зборови која на посебен начин ги обединува стрипот и реченицата како жанр. Прва е од ваков вид на овие простори и има за цел на забавен и поттикнувачки начин да ги обликува визуелните кадри во главата на читателот кои се производ од прочитаните зборови, реченици и сите нивни смисли. Подеднакво е забавна за гледање за најмладите, како и за ментално вежбање за повозрасните; сосема веродостојна метафора за овој тип на книга е – „книжевна Лего-коцка”.
Автор: Тања Аждаја
Генијални, неверојатно забавни афоризми.
Автор: Владимир Лукаш, Гвидо Тартаља
Гвидо Тартаља е еден од најинтересните и најпопуларните детски писатели во Југославија во 20 век.
Автор: Александар Иванов, Душко Радовиќ
Поезија за деца од еден од најреномираните поети за деца на овие простори.
Автор: Харви Пикар; Ед Пискор
Главен лик во стрипот е американската студентка Хедер Роберсон, посветена мировна активистка, која со години тврдела дека војната може да се избегне. Но постојано се соочувала со контрааргументи, дека војувањето е неизбежна последица на светските конфликти. Навистина, Хедер сфаќа дека докажувањето е малку незгодно без конкретни примери. Затоа прави нешто малку лудо: се упатува кон далечната Македонија за да го истражува регионот што бил на работ на насилство, но не паднал во него.
Автор: Арт Спигелман
По неколкуте поглавја објавени пред 25 години во списанието „Маргина“, славниот стрип „Маус“ конечно и интегрално е достапен на македонски, во сјајно издание во едицијата Лифт.
Автор: Збигњев Рихлицки, Чеслав Јанчарски
Приказните за Мечето Ушко првпат се објавуваат на македонски јазик, собрани на 232 страници, во луксузно издание дизајнирано во студиото „Кома“. Мечето Ушко е еден од најомилените ликови во Полска (и не само во Полска), бидејќи за генерациите што растеа во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век, тој беше важен дел од сеќавањата …