Столб на куќата што се урива [6]
Автор: Небојша Јаконов
Низ целата своја новинарска кариера Небојша Јаконов (1966–2009) не правеше ништо друго, туку вивисекција на овдешното паланечко општество, на овдешната „сељачаана“, што би рекле скопјани. Парадоксот на „сељачааната“ е во нејзината мимикрија – колку повеќе се „кити“ со „барокниот урбанизам“, толку повеќе покажува дека „царот е гол“. Не е голема трагата што ја остави Јаконов …