Магма

Човекот со дрвена нога бега од затвор

„Човекот со дрвена нога бега од затвор“, од американскиот поет, прозаист, уредник и професор Џејмс Тејт, претставува избор од збирките: Selected Poems (1991), Shroud of the Gnome (1997), Return to the City of White Donkeys: Poems (2005), Dreams of a Robot Dancing Bee (2008), The Ghost Soldiers: Poems (2009) и Selected Poems (2013). Пишувањето на …

Човекот со дрвена нога бега од затвор Read More »

Прирачник за пеење и плачење (приказни за кронопија и фами)

Автор:

Во книгава Кортасар умешно успева во својот „лонец за топење“ да стопи наизглед неспојливи книжевни постапки: апсурд, хорор, бурлеска, фантазија, сатира, алегорија, научна фантастика, басна, парадокс, мит, комедија, анегдота, драма, иронија… Тој во оваа особена книжевна творба, составена од повеќе десетици фантастични раскази и цртички, го открива и својот чудесен бестијариум, зачудниот свет на необичните …

Прирачник за пеење и плачење (приказни за кронопија и фами) Read More »

Кравата е осамено животно

Автор:

  АВТОБИОГРАФИЈА Во преполовените огледала го гледате само долниот дел од своето тело.   ЛИЗАРЧЕ Девојчето му приоѓа на куцкаменот нацртан на плочникот, ја пика раката во џебот од фустанот и напипува заоблено парче цреп. Пред мрежата на куцкаменот, лизарчето ѝ дарува сигурност. Без него, уверена е, никогаш не би успеала да се извлече од …

Кравата е осамено животно Read More »

Премин во времето – Миѓен Келменди

Автор:

„Балканска сага за дваесеттиот век, врз кој се спушта голем бел шал на заборавот.“

Романот претставува слоевита рефлексивна проза, комплексен книжевен меланж, документарна фикција, автобиографски мозаик од низа ликови во чија позадина секогаш ѕирка ликот на нараторот. Дејството се случува во 20 век, главно меѓу двете светски војни, овде, среде „западниот“ ни Балкан.

Раздавање на душата – Цветанка Трпкова

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. Овде претставуваме дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво.Од тие две книги за едицијата Магма издвоивме 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.

Нарилник за вештерки

Автор:

„Нарилник за вештерки“ на Дубравка Угрешиќ е жанровски недофатлива книга. Првиот дел е еден вид продолжена роденденска честитка упатена до сопствената хероина Штефица Цвек. Честитката е истовремено осврт на четириесет години заеднички живот и судбината на еден книжевен лик, една книга и еден автор. Вториот дел од „Нарилник за вештерки“ се состои од долг разговор …

Нарилник за вештерки Read More »

Штефица Цвек во челустите на животот

Автор:

Сакате ли љубовни романчиња? Што и да мислите за нив, ќе уживате во овој врвен пастиш од тривијални љубовни романи. Земајќи ја за главна хероина идеалната читателка на љубовни романи и водејќи ја низ низа ситуации препознатливи како типично „женско искуство“, Дубравка Угрешиќ луцидно покажува до кој степен нашето секојдневие е обликувано според стереотипите што …

Штефица Цвек во челустите на животот Read More »

Стаклениот клуч

Автор:

Дашиел Хемет (1894-1961) е не само првиот туку и најдобриот писател на т.н. тврд американски крими-расказ. Критичарите го ставаат на самиот врв на американската книжевност, веднаш крај Фокнер и Хемингвеј. Нарекуан е „дивиот човек од Сан Франциско“, бидејќи тој е творец на „тврдо-варениот’ херој (или, tough guy). Политички бил лево ангажиран, поради што за време на …

Стаклениот клуч Read More »