Десетте најдобри раскази на светот
Идејата е едноставна: десет писател(к)и го избираат својот омилен расказ. Нивните десет избрани раскази ја формираат книгава: „Десетте најдобри раскази на светот“.
Десетте најдобри раскази на светот Read More »
Идејата е едноставна: десет писател(к)и го избираат својот омилен расказ. Нивните десет избрани раскази ја формираат книгава: „Десетте најдобри раскази на светот“.
Десетте најдобри раскази на светот Read More »
„Сеир и ништо“ е илустрирана игранка со зборови која на посебен начин ги обединува стрипот и реченицата како жанр. Прва е од ваков вид на овие простори и има за цел на забавен и поттикнувачки начин да ги обликува визуелните кадри во главата на читателот кои се производ од прочитаните зборови, реченици и сите нивни смисли. Подеднакво е забавна за гледање за најмладите, како и за ментално вежбање за повозрасните; сосема веродостојна метафора за овој тип на книга е – „книжевна Лего-коцка”.
Гвидо Тартаља е еден од најинтересните и најпопуларните детски писатели во Југославија во 20 век.
Главен лик во стрипот е американската студентка Хедер Роберсон, посветена мировна активистка, која со години тврдела дека војната може да се избегне. Но постојано се соочувала со контрааргументи, дека војувањето е неизбежна последица на светските конфликти. Навистина, Хедер сфаќа дека докажувањето е малку незгодно без конкретни примери. Затоа прави нешто малку лудо: се упатува кон далечната Македонија за да го истражува регионот што бил на работ на насилство, но не паднал во него.
По неколкуте поглавја објавени пред 25 години во списанието „Маргина“, славниот стрип „Маус“ конечно и интегрално е достапен на македонски, во сјајно издание во едицијата Лифт.
Приказните за Мечето Ушко првпат се објавуваат на македонски јазик, собрани на 232 страници, во луксузно издание дизајнирано во студиото „Кома“. Мечето Ушко е еден од најомилените ликови во Полска (и не само во Полска), бидејќи за генерациите што растеа во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век, тој беше важен дел од сеќавањата