Ајнштајновите сништа

Автор:

Книгава е величествена во својот стил, со ефекти налик на волшепство; медитативна, провокативна, со моќ на онирички магнет. Лајтман со хируршки рез навлегува во метафизичкото царство на времето создавајќи книжевна реплика на Ајнштајновиот свет поетично отворен и мистично поврзан со малите човечки приказни. Во брилијантни вињети Лајтман ги истражува врските меѓу науката и уметноста, креативноста …

Ајнштајновите сништа Read More »

slucai

Автор:

Во круговите на руската уметничка авангарда Данил Хармс (1905–1942) се појавува кон средината на дваесеттите години на 20 век и речиси веднаш зазема едно од челните места. Извонредно се снаоѓал во сите книжевни жанрови, но многу често ги пречекорувал жанровските и формалните граници, доживувајќи го „пишувањето како празник“. Хармс целиот свој живот бил оспоруван, прогонуван, …

slucai Read More »

Новела за сонот

Автор:

Имам впечаток дека вие, благодарение на интуицијата – или, подобро речено, поради внимателното самонабљудување – за другите луѓе го знаете сето она што јас го открив со долготрајни проучувања. Верувам дека во основата вие сте истражувач на психолошките длабочини. (Сигмунд Фројд, писмо до Шницлер, 1922) Артур Шницлер (1862-1931) е австриски писател роден во Виена, чии …

Новела за сонот Read More »

Весело броење

Автор:

Малата поема „Весело броење, од еден до десет“, е меѓу најдобрите и најпопуларните четива што може да се искористат за наставата по математика за најмалите деца. Прекрасен е спојот меѓу духовитите стихови на Маршак и нежните минуцизони илустрации на Конешавиќ – тие вајцата, впрочем, се класици на детската книжевност. Мошне впечатлив е препевот што го …

Весело броење Read More »

Глава што лебди

Автор:

Добитник на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2021.  Првата збирка раскази на Марија Ангеловска е претпазливо но смело ѕиркање отаде видливото, кое постои само како една од можните димензии. Штом читателот ќе се раскомоти во удобноста на познатата приказна, таа ненадејно се преслекува во нешто друго. Таа игра со преобразбите на приказната води кон …

Глава што лебди Read More »

Феминистички народни песни

Автор: , ,

Оваа мала збирка на „феминистички народни песни“ е илустрирана од три сјајни уметници. Со неа сакаме низ внимателни слики да претставиме дваесетина посебни, необични, интригантни „женски песни“ од народното ворештво. Избирајќи три различни уметници и три различни ликовни приоди токму сакаме да укажеме на разноликоста на темата со која се занимаваме, создавајќи предизвикувачки споеви и …

Феминистички народни песни Read More »

Лунарко Мена

Автор:

Лунарко Мена живее на Месечината, но таму му е досадно, па решава да ја посети Земјата, по која одамна копнее. После низа неверојатни авантури (возење врз комета и со ракета, престој во затвор, бегство, средба со необичниот научник  Жен Светло-Сен итн.) Лунарко Мена сфаќа дека неговото место е сепак на Месечината. Сликовницава првпат се појави во 1967 година, во екот …

Лунарко Мена Read More »

Животот на животните

Автор:

Идејата за човековата суровост кон животните толку ја обзема романописателката Елизабет Костело што таа веќе не може да поднесе да ги гледа луѓето в очи: луѓето, особено оние што јадат месо, ѝ изгледаат како конспиратори во злосторство од вчудовидувачки размери, кое се случува на фармите и во кланиците, во фабриките и во лабораториите низ светот. …

Животот на животните Read More »