Вештерките денес

Автор:

„Вештерките денес“ е дебитантска поетска книга на Калиа Димитрова. Ослободена од секакви стеги, многу често употребувајќи стих со еден или два збора, Калиа ја следи сопствената мисла/порака низ своевидна лежерна ритмика, што прозвучува како мелодија. Ненаметливо остава читателот да се движи според сопствените афинитети и слободно да ја доловува упатената порака. Тоа придонесува поезијава да …

Вештерките денес Read More »

Осетлива на светлина

Автор:

Песните во оваа збирка не само што трогнуваат и замислуваат туку се изградени во совршена хармонија меѓу стилот и смислата. Магдалена Хорват несомнено е еден од најбитните и најмоќните поетски гласови во македонската современа поезија. (Румена Бужаровска) Песните на Хорват постојано нè изненадуваат со звучните решенија: римите одекнуваат и онаму каде што не ги очекуваме. …

Осетлива на светлина Read More »

Намали малце чалам

Автор:

Џанго Помалиот пишува најкуса проза и објавува на Фејсбук. Изминатава деценија е активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот. Прозата е објавена и на Окно. Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ. Џанго Помалиот е …

Намали малце чалам Read More »

Македонските тројански коњи

Автор:

Книгава разоружува со својата искреност повеќе од секоја сатира. Фрлајќи поглед кон општествениот масакр на градот и општеството низ ретка клучалка, на средовечен иселеник кому пишувањето не му е основна професија, ова неизвештачено четиво, единствено од својот вид, е скапоцен камен, телескоп кој ни ја става пред нос желбата за мирен соживот на различностите, загрозени …

Македонските тројански коњи Read More »

Морковче

Автор:

Жил Ренар (1864-1910) ќе остане запаметен во историјата на книжевноста поради овој роман инспириран од неговото несреќно детство. Морковче е едно од најзначајните книжевни сведоштва за детството; благодарение на бројните адаптации во театарска и филмска форма постигнува огромна популарност. Напишан со нетипична комбинација на суровост и наивност, романот „Морковче“ може да се чита и како …

Морковче Read More »

Имагинарни животи

Автор:

Марсел Швоб (1867-1905) денес се смета за значаен иноватор во книжевноста, а неговото име стои заедно со имињата на Маларме, Мирабо, Жид, Ренар, Жари… Бил доктор по класична филологија и ориентални јазици. Неговото дело ја прикажува грчкоримската култура и најскандалозните личности од тоа време. Во текстовите често е заинтересиран за мрачните, садистички и ужаснувачки аспекти …

Имагинарни животи Read More »

Цветот што носи среќа

Автор:

„Цветот што носи среќа“ е збирка песни за деца од Михо Атанасовски, еден од најдобрите и најмалку познатите македонски писатели.   Оваа волшебна приказна во стихови првично е објавена во 1994 година, а Темплум ја објавува повторно, со илустрации на Александар Иванов. Книгата зборува за авантурите на едно младо момче, кое со помош на еден …

Цветот што носи среќа Read More »

Глувци и мачки наопачки

Автор:

„Глувци и мачки наопачки“ е книга за деца на хрватскиот писател Луко Паљетак, составена од десет хумористични и забавни песни, во кои подеднакво можат да уживаат и децата и возрасните.   Игривите стихови, на македонски донесени преку одличниот превод на Пандалф Вулкански, заедно со извонредните илустрации на Александар Иванов, го водат читателот на возбудливо патување …

Глувци и мачки наопачки Read More »