Едиции

Коса насекаде

Автор:

Мама Дента кога баба не умре, мама почувствува необична главоболка. Окото почна да ѝ бега налево. Брат ми ја однесе во брза помош. Се врати дома без неа. Мама е силна личност со ситни коски. Досега двапати има лежено во болница. Еднаш мочаше камења, а вториот пат заталкано дете. Дента кога баба не умре, купував. …

Коса насекаде Read More »

Соби покрај морето, соби во градот

Автор:

Книгава се состои од десет раскази, а секој од нив е инспириран од една слика на Едвард Хопер, ументик кој е познат токму по сликањето на луѓето во навидум обични ситуации во различни простории: барови, хотелски соби, тегобни градски станови, тераси на осамени куќи… Во оваа книга, тоа е нишката што цврство ја врзува збирката …

Соби покрај морето, соби во градот Read More »

Суфиски приказни

Конак Еднаш Хидр, таинствениот водач на суфиите, влетал во кралската палата и се упатил право кон престолот. Неговата појава била таква што никој не се осмелил да го сопре. Кралот Ибрахим бен Адхем го запрашал што сака, а овој одговорил: „Барам место за спиење во конаков“. „Ова не е конак, туку мојата палата“, налутено одговорил …

Суфиски приказни Read More »

Семе на смртта

Автор:

Романот „Семе на смртта“ е прва книга од трилогијата на Џевад Карахасан за Омар Хајам, големиот персиски математичар, астроном и поет од XII век. Романот во позадина дава прецизна слика за драматичната епоха во која живее Хајам – распадот на арапското царство, појавата на крстоносците и Запад на историската сцена, средбите на големите култури… „Семе …

Семе на смртта Read More »

Вечниот малограѓанин

Автор:

Првиот роман на Еден фон Хорват (1901-1938), „Вечниот малограѓанин“, настанал 1930 година. Со него писателот во лице му се насмеал на филистарското општество кое – како што наскоро ќе се покаже – ќе создаде дотогаш невидена и застрашувачка тоталитарна дехуманизираност и институционализиран злочин. „Населението на Германија, но и на сите други европски земи, деведесет процени …

Вечниот малограѓанин Read More »

Басни

Автор:

Во своите мали приказни, кои едвај се прикриени со мимикријата на басната, Бирс ѝ се препушта на својата цинична фантазија до крајни граници, маѓепсувајќи едни, а разгневувајќи други читатели. По Диоген, Емброуз Бирс е можеби најпознатиот мизантроп. Со таа разлика што Бирс воопшто не посегнал по ламба за да го бара човекот. Опседнат со бесмислата …

Басни Read More »

Витез на шведската маса

Автор:

На прв поглед сѐ во расказиве и е и не е, и е вистина и е измислица. Расказиве се и не се автобиографски, а раскажувачките јас што во нив се јавуваат и се и не се Ненад Величковиќ. Всушност, тоа и не се раскази туку хибридна патописна проза која цело време се тетерави меѓу неверојатниот …

Витез на шведската маса Read More »

Европеана [113]

Автор:

„Гласот на раскажувачот е смешен, научен, инфантилен, саркастичен и мрачен… Европеана е многу чудно историско дело и генијално уметничко дело.“ (Chicago Review) „Трагикомична проза која прави поетите да плачат од завист, која прави сите да плачат.“ (The Village Voice) „Допирајќи теми и настани кои се сосема различни, како градникот, куклата Барби, скиентологијата, евгениката, интернетот, војната, …

Европеана [113] Read More »