Едиции

Медитеранска мисла [31]

Автор:

„Медитеранската мисла“ ја содржи идејата дека Југот не треба само да учи од Северот, од таканаречените „развиени земји“, туку дека и другите можат да учат од него. Значи, неговата судбина не е да исчезне за да стане Север. Треба да се зачува гласот на Југот, критиката што му ја упатува на нашиот ограничен начин на живот, условен од централната позиција што Северот и Западот ја заземаат во светот. Сметам дека Југот треба да ја зачува способноста да имитира, но исто така треба да се избори да заземе критички став кон еден свет кој своите суштински параметри ги изградил врз опсесијата на профитот и на брзината. Ние мислиме дека земјите во светот се поделени на развиени земји и земји во развој и дека вториве треба да станат како првите, што е невозможно во општи рамки, затоа што секоја земја има своја историја преку која го толкува развојот и врз таа основа ги гради своите потреби и својот глас. Погрешно е да се зборува со гласот на другите. Треба да се зборува со сопствениот глас. Пред сè на Југот треба да му се вратат некои особини што му припаѓаат. Јас во основа и‘ давам голема важност на бавноста. Не е вистина дека светот станува посовршен со брзината. Постојат неколку димензии на искуството кои можат да се остварат само низ бавноста. Такви се љубовта и спознанието. Мислата дека сè може да се збие, да се направи да биде побрзо е илузија која раѓа патологии. Југот би можел да ни помогне да ги видиме патологиите што се раѓаат од еден модел во кој развојот и разумот излегле надвор од мерката, станале разуздани, без никаква можност да се владее со нив.

Саемска цена:


Градот и иднината [5]

Автор:

Не е неопходно да се потсетува на тоа дека современиот голем град е нежна конструкција и лабилен организам. Доволно е да се прескокнат една или две редовни технички инјекции, па неговиот метаболизам да дојде до работ на катастрофата. (…) Па сепак, градот е град, најдоброто и најскапоценото што ни се нуди, и токму најсилната закана …

Градот и иднината [5] Read More »

Маргина #34

Содржина: Кој рече транспарентност?! Уметност, психоанализа и поделба луѓе/животни Уметноста е пес кој гризе! (Renata Salecl) Идиотизам во уметноста (Жан -Ив Жуане) Скопски раскази (Димитар Солев, Мето Јовановски, Лидија Капушевска-Дракулевска) Американски расказ (Џон Барт, Стивен Полански) Тимоти Лири (Едно од последните интервјуа на Лири, Луси Бродбент) Иља Кабаков (Мал каталог) Глобална сцена (Victor Misiano, Kay …

Маргина #34 Read More »

Азбука и залутани записи [7]

Автор:

Иван Шопов е роден на 25 јули 1987 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште. Моментално е апсолвент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавувал свои раскази и песни во неколку списанија. „Азбука и залутани записи“ е негова прва книга.    

Џенем – Душан Чатер [107]

Автор:

Џенем е турски збор за пекол. Оваа книга содржи токму шест пеколни приказните кои се тематски поврзани и ги прикажуваат животите на неколку егзистенцијални туѓинци во Словенија. Смешни, тажни, среќни и трагични раскази!      

Штамата на Енхалон [6]

stamata-na-enhalon

Автор:

Најинтересното кај Јолдески е што во неговите раскази совршено се преплетуваат традиционалното и, би рекле дури, хипермодерното. Мекиот, речиси „битов“ реализам се вкрстува со некои мошне современи „постмодерни“ книжевни постапки (интересни се, на пример, реферирањата на важните претходници: Чачански, Крле, Константин Миладинов, Чехов…). Расказите најчесто се минималистички сведени. Авторот ја поседува дарбата текстот да го …

Штамата на Енхалон [6] Read More »

Маргина #32-33

Содржина Маргина – Елементи на самосвест (Жан Дибифе, Селин, интелектуална кооператива Bastard, Лари Риверс и Роберто Ечеварија) Тимоти Лири Толеранција (Токвил, Мирабо, Монтескје, Мил, Игор Прибац и Андреј Илц) Скопски раскази (Јован Бошковски и Венко Андоновски) Локална сцена (Анѓелина) Современ американски расказ (Корагесан Бојл, Кејт Брејверман, Стјуарт Дајбек, Ен Каминс, Мелоди Самнер) Борхес Лари Риверс

Скопски приказни од 2014 [4]

Автор:

4. Пандалф Вулкански – Скопски приказни од 2014 Сто кратки раскази во кои „играат” повеќе од сто ликови од скопските улици! Минимализам кој опфаќа историски широки слики! Надреализам кој вози триста на сат и преминува во хипер-реализам! Само сатирата на Вулкански ја доловува апсурдноста на проектот Скопје 2014! Неколку раскази можете да прочитате овде.