Едиции

Весело броење

Автор:

Малата поема „Весело броење, од еден до десет“, е меѓу најдобрите и најпопуларните четива што може да се искористат за наставата по математика за најмалите деца. Прекрасен е спојот меѓу духовитите стихови на Маршак и нежните минуцизони илустрации на Конешавиќ – тие вајцата, впрочем, се класици на детската книжевност. Мошне впечатлив е препевот што го …

Весело броење Read More »

Глава што лебди

Автор:

Добитник на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2021.  Првата збирка раскази на Марија Ангеловска е претпазливо но смело ѕиркање отаде видливото, кое постои само како една од можните димензии. Штом читателот ќе се раскомоти во удобноста на познатата приказна, таа ненадејно се преслекува во нешто друго. Таа игра со преобразбите на приказната води кон …

Глава што лебди Read More »

Феминистички народни песни

Автор: , ,

Оваа мала збирка на „феминистички народни песни“ е илустрирана од три сјајни уметници. Со неа сакаме низ внимателни слики да претставиме дваесетина посебни, необични, интригантни „женски песни“ од народното ворештво. Избирајќи три различни уметници и три различни ликовни приоди токму сакаме да укажеме на разноликоста на темата со која се занимаваме, создавајќи предизвикувачки споеви и …

Феминистички народни песни Read More »

Животот на животните

Автор:

Идејата за човековата суровост кон животните толку ја обзема романописателката Елизабет Костело што таа веќе не може да поднесе да ги гледа луѓето в очи: луѓето, особено оние што јадат месо, ѝ изгледаат како конспиратори во злосторство од вчудовидувачки размери, кое се случува на фармите и во кланиците, во фабриките и во лабораториите низ светот. …

Животот на животните Read More »

Попреченост: текстови за инвалидните тела

Во книгава пренесуваме пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и, во вториот дел, дваесетина кратки есеи за телото. Со книгава настојуваме да го поттикнеме знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост, но и кај пошироката заедница …

Попреченост: текстови за инвалидните тела Read More »

Македонски календар

Автор: ,

Песни од Владимир Шопов, илустрирани од Инес Ефремова. Владимир Шопов (1948-2000) — македонски поет, критичар, публицист хроничар, писател, хуморист и сатиричар. Објавил и поетска збирка за деца, „Креда“. Пишувал поезија и на англиски јазик. Бил човек со разнородни творечки интереси; се занимавал и со концептуална уметност, на пример. Објавил осум поетски збирки: „Луцида интервала”, „Од век …

Македонски календар Read More »

Страшна ноќ

Автор: ,

Расказот на Јаневски, „Страшна ноќ“, според кој е направена сликовницата, е антологиски, еден од најубавите раскази во македонската книжевност. Сликите на Андонова совршено ги доловуваат ритамот и експресивноста на Јаневски и читателот – до самиот нос! – го нурнуваат во атмосферата на „страшната ноќ“, кога оживуваат играчките а остануваат да ѕиркаат само очите на исплашените …

Страшна ноќ Read More »

Розови слонови

Автор: ,

„Розови слонови“ е сликовница која се состои од раскази на Влада Урошевиќ илустрирани од Ѓорѓе Јовановиќ. БЕЛЕШКИ ЗА АВТОРИТЕ Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) е (ко)автор на неколку илустрирани книги: Хашиш (текст на Анри Мишо, 2017), Текстилна поема (текст на Пандалф Вулкански, 2019) и на стрип весникот Скопје за почетници, добро упатени и понављачи (2019-). Работел корици за списанието Маргина, за едициите 20/21 …

Розови слонови Read More »