Столб на куќата што се урива [6]
Низ целата своја новинарска кариера Небојша Јаконов (1966–2009) не правеше ништо друго, туку вивисекција на овдешното паланечко општество, на овдешната „сељачаана“, што би рекле скопјани. Парадоксот на „сељачааната“ е во нејзината мимикрија – колку повеќе се „кити“ со „барокниот урбанизам“, толку повеќе покажува дека „царот е гол“. Не е голема трагата што ја остави Јаконов […]
Столб на куќата што се урива [6] Read More »

 „Медитеранската мисла“ ја содржи идејата дека Југот не треба само да учи од Северот, од таканаречените „развиени земји“, туку дека и другите можат да учат од него. Значи, неговата судбина не е да исчезне за да стане Север. Треба да се зачува гласот на Југот, критиката што му ја упатува на нашиот ограничен начин на живот, условен од централната позиција што Северот и Западот ја заземаат во светот. Сметам дека Југот треба да ја зачува способноста да имитира, но исто така треба да се избори да заземе критички став кон еден свет кој своите суштински параметри ги изградил врз опсесијата на профитот и на брзината. Ние мислиме дека земјите во светот се поделени на развиени земји и земји во развој и дека вториве треба да станат како првите, што е невозможно во општи рамки, затоа што секоја земја има своја историја преку која го толкува развојот и врз таа основа ги гради своите потреби и својот глас. Погрешно е да се зборува со гласот на другите. Треба да се зборува со сопствениот глас. Пред сè на Југот треба да му се вратат некои особини што му припаѓаат. Јас во основа и‘ давам голема важност на бавноста. Не е вистина дека светот станува посовршен со брзината. Постојат неколку димензии на искуството кои можат да се остварат само низ бавноста. Такви се љубовта и спознанието. Мислата дека сè може да се збие, да се направи да биде побрзо е илузија која раѓа патологии. Југот би можел да ни помогне да ги видиме патологиите што се раѓаат од еден модел во кој развојот и разумот излегле надвор од мерката, станале разуздани, без никаква можност да се владее со нив.