Магма

Наспроти [93]

uilsman

Автор:

Романот „Наспроти” се смета за библија на декаденцијата. Оваа книга била пример и поттик Оскар Вајлд да го напише својот познат роман „Сликата на Доријан Греј”. Рускиот филозоф Николај Берѓаев изјавил дека овој роман е најзначајното дело на современата француска книжевност (мислејќи на почетокот на 20-от век), а стариот декадент и човек со најпрефинети манири …

Наспроти [93] Read More »

Сарасина [92]

balzak

Автор:

Обично вбројуван меѓу писателите на т.н. општествени романи, Балзак ѝ припаѓа и на историјата на 19-вековната декаденција. Многу негови ликови имаат два пола. Балзак е двоен. Како романописец, тој е документаристичен и аналитичен. Како романтичар, тој е перверзен и окултен. Неговиот андрогин произлегува од романтичарската имагинација која ја ништи разликата меѓу половите. Андрогините лица се …

Сарасина [92] Read More »

Шашави раскази [91]

hasek

Автор:

Јарослав Хашек (1883-1923) е најпознатиот чешки хуморист од првата половина на 20-от век. Неговото шаренолико дело се состои од бројни раскази, цртички, хуморески, есеи и текстови кои претставуваат незаобиколна литература кога станува збор за хуморот и сатирата. Негово најпознато дело е хумористично-фарсичниот роман Добриот војник Швејк, но силината на делото на Хашек се согледува и …

Шашави раскази [91] Read More »

Никола груевски: 250 хаику [90]

pandalf

Автор:

Ни­ко­ла Гру­ев­ски ис­пи­шу­ва 250 про­во­ка­тив­ни ха­и­ку, со ра­ка­та на Пан­далф Вул­кан­ски! Ретко ви­де­но уд­во­ју­ва­ње на ра­ко­пи­си­те и пер­цеп­ци­и­те… По­го­во­рот да­ва са­мо де­лу­мен одго­вор за овој не­о­би­чен по­е­тич­ко-по­ли­тич­ки гест… Да­ли е мож­но со по­мош на 250 куси за­пи­си да се на­пра­ви до­се­га нај­комп­лекс­но­то пор­тре­ти­ра­ње на чо­ве­кот што мош­не негатив­но и мош­не снаж­но од­бе­ле­жа еден пер­и­од од …

Никола груевски: 250 хаику [90] Read More »

Детство, лето, град [89]

vlada

Автор:

Во книгата Детство, лето, град се собрани песни, раскази, сеќавања, интервју кои се обединети околу темата детство. Може слободно да се каже дека детството, всушност, е една од најголемите опсесии на Влада Урошевиќ. Во овој избор од речиси сите поетски и прозни книги авторот го опишува својот „златен век“, времето на „изгубениот рај на земјата“ …

Детство, лето, град [89] Read More »

Огнен Спахиќ – Хансеновите деца [88]

Автор:

„Хансеновите деца“ е возбудлив и застрашувачки роман за луѓето во последниот европскиот лепрозориум, на југоистокот на Романија. Во времето на падот на тоталитарниот режим на Чаушеску група луѓе се заробени во лепрозориумот, а истовремено и во своите индивидуални судбини. Силна и убедлива приказна, една од оние коишто постојано се читаат и одново се откриваат. Секој …

Огнен Спахиќ – Хансеновите деца [88] Read More »

Човекот кој беше Четврток [87]

Автор:

  Човекот кој беше Четврток претставува необична мешавина од детективски и филозофски роман. Врз првиот основен слој на романот, замислен како возбудлива детективска приказна, се поставуваат многу сериозни прашања поврзани со идејата за вистината и привидот, границите и капацитетите на перцепцијата, односот меѓу илузијата и реалноста. Најдобриот опис на романот го има понудено Кингсли Ејмис, …

Човекот кој беше Четврток [87] Read More »

Исповедта на убиецот [86]

Автор:

Романот „Исповедта на убиецот” настанал во 1936 година и многумина го сметаат за најзрело уметничко остварување на Рот, посебно карактеристично за неговиот стил и начин на раскажување. Како и другите јунаци од неговите романи, и Семјон Семјонович Голупчик е осуден на пропаст. Слабакот кој е опседнат од жена го упропастува својот живот. И во ова …

Исповедта на убиецот [86] Read More »