Ајхман во Ерусалим Извештај за баналноста на злото [9]

Автор:

Не е спорно: Хана Арент (Hannah Arendt, 1906-1975) е меѓу највлијателните мислители на минатиот век, но се чини дека нејзиното време допрва доаѓа, како голем познавач на врската меѓу политиката и насилството и како некој што длабоко и лично го истражувал феноменот на политичката природа на злото. Самата Арент инсистирала дека таа во прв ред …

Ајхман во Ерусалим Извештај за баналноста на злото [9] Read More »

Потопи ми ја главата! [81]

Автор:

Прозата на Јуриј Мамлеев претставува спој од гротеска и длабока философичност: тоа се текстови кои шокираат и кои содржат елементи на мистика. Неговите јунаци се чудни, а понекогаш дури и страшни луѓе, луѓе-монструми, кои живеат во подеднакво чудниот и страшен свет, но истовремено сите тие претставуваат своевидни мислители, патници во Големото Непознато. Да се чита …

Потопи ми ја главата! [81] Read More »

Зборник текстови: Културен идентитет – разлика во себе [8]

Автор:

  Во каков однос стојат културниот и националниот идентитет? Дали културниот идентитет му претходи на националниот? Дали е дел од него? Или можеби културниот идентитет е повисока категорија од етничкиот или верскиот идентитет? Која е врската помеѓу идентитетот и самопретставувањето? Дали културниот идентитет со себе повлекува и културни права? Дали насилството создава и уништува идентитети? …

Зборник текстови: Културен идентитет – разлика во себе [8] Read More »

Совршено куси раскази [80]

Автор:

„Значи, воопшто не сакам, ниту имам потреба да се бранам, но само ќе објаснам како настанаа овие раскази. Сè започна летото 1988 година, кога во едно популарно тинејџерско списание (Господ знае како се провлекол!) сретнав еден текст за финскиот писател Вере Гагонен. Тогаш, за првпат во мојот живот видов дека постојат толку мали раскази и …

Совршено куси раскази [80] Read More »

Утопистика или Историските избори на 21-иот век [7]

Автор:

Со извонредно знаење на историјата (тој впрочем е еден од најпровокативните историчари на капитализмот), големиот американски социолог, основачот на светско-системската анализа, Имануел Волерстин (1930-), во оваа книга ни дава предвидувања за она што допрва ќе се случува со планетарниот политички и економски поредок. Неговите длабоко втемелени согледби велат дека во следните педесетина години светот го …

Утопистика или Историските избори на 21-иот век [7] Read More »

Лужиновата одбрана [79]

Автор:

„Од сите мои книги на руски, Лужиновата одбрана содржи и шири најголема ’топлина’ – што може да делува чудно со оглед на тоа колку се претпоставува дека шахот е врвот на апстрактното. Всушност, Лужин го сметаа за симпатичен дури и оние кои воопшто не се разбираат во шах и/или ги мразат сите мои други книги. …

Лужиновата одбрана [79] Read More »

Против методот [6]

Автор:

Овој есеј е пишуван со убедување дека анархизмот, иако можеби не е најпривлечна политичка филозофија, без сомнение е одличен лек за епистемологијата и за филозофијата на науката. Не е тешко да се најде причината. “Историјата општо, а посебно историјата на револуциите, секогаш е побогата во содржината, поразновидна, помногустрана, пожива и посуптилна отколку што” дури и …

Против методот [6] Read More »

Антологија на унгарскиот краток расказ – Сецирање на живо [78]

Автор:

Сецирање на живо нуди одличен пресек на унгарската раскажувачка умешност на дваесеттиот век. Книгата претставува релевантен увид во унгарската проза, одличен начин оваа не толку позната национална книжевност кај нас сериозно да биде претставена на македонски јазик. Разновидната и богата книжевна продукција е прикажана со раскази на автори кои се историски значајни за унгарската книжевност, …

Антологија на унгарскиот краток расказ – Сецирање на живо [78] Read More »