Свртување на завртката [72]

Автор:

Свртување на завртката е најнеобичниот роман на Хенри Џејмс, кој денес се смета за незаобиколна американска класика, подложна на бескрајни книжевни анализи. Некои од тие анализи биле речиси исто толку генијални колку и самото бесмртно дело на Џејмс. На обидите да се растолкуваат тајните на Завртката (и самиот наслов е мала мистерија) им се придружиле …

Свртување на завртката [72] Read More »

Прашај ја правта [71]

Автор:

„Прашај ја правта“ е виртуозно напишан роман, приказна за Артуро Бандини, млад човек кој во триесетите години на дваесеттиот век живее во Лос Анџелес и се обидува да го пронајде својот пат како писател. Се вљубува во нестабилната Камила Лопез и тие почнуваат да градат амбивалентен однос, измешан со чувство на љубов и отфрлање на …

Прашај ја правта [71] Read More »

Преобразба [70]

Автор:

  Преобразба, објавена1915 година, е најпознатата новела на Кафка. Приказната почнува кога трговскиот патник Грегор Самса ќе се пробуди преобразен во монструозен инсект. Наскоро тој станува предмет на немилост во сопственото семејство, изгнаник во својот дом, отуѓено битие без каква било можност за создавање релација со човечко суштество. Оваа грозоморна, но истовремено апсурдно комична размисла …

Преобразба [70] Read More »

Бебиситерката [69]

Автор:

  Бебиситерката е новела која го користи прозниот медиум за да ги истражува процесите што се случуваат за време на читањето и пишувањето проза. Начинот на кој текстот е конструиран треба да го натера читателот да размислува за самиот концепт на прозата, и за тоа како таа ги избегнува „традиционалните“ форми преку истражување на сопствените …

Бебиситерката [69] Read More »

Адолф [68]

Автор:

Адолф е еден од најславните љубовни и психолошки романи на сите времиња, но едновремено е роман кој и денес е толку жив и современ што постојано предизвикува нови препрочитувања и посвети (филмски, книжевни, театарски…). Ретко кој писател со толку продорност и прецизност толку длабоко и минуциозно ја анализирал целата пустош и целата кобност на раѓањето …

Адолф [68] Read More »

Париски приказни [67]

Автор:

Веројатно Марсел Еме е најзначајниот француски раскажувач во дваесеттиот век, наследник на Мериме и Флобер. Читајќи ги неговите црнохуморни раскази читателот ќе го запознае фантастичниот свет на Еме, париското подземје во годините на Втората светска војна. Мали човечки радости што го грејат срцето, ситни семејни неволји кои предизвикуваат катастрофи достојни за античка трагедија исто толку …

Париски приказни [67] Read More »

Будење [66]

Автор:

  Будење е роман на откривање, роман на психолошка мистерија. Пјер Форе, еден просечен млад Французин, налетува на непозната жена која се наоѓа во дива или “природна” состојба. Иако нејзината состојба изгледа безнадежно, тој сосема & се посветува, ја негува и успева да ја врати во “нормалниот” живот. Повратената хероина на некој начин одново се …

Будење [66] Read More »

Али и Нино [65]

Автор:

Али-кан е исламско момче од Азербејџан, исполнето со страста на своите предци кон пустината и воените легенди. Неговата љубовница Нино, преубава христијанка од Грузија, е девојка со европски сензибилитет. Наспроти забелешките на нивните родители, како деца стануваат многу блиски, а подоцна и љубовници кои своите денови ги поминуваат на бреговите на Каспиското море во Баку. …

Али и Нино [65] Read More »