Магма

Девствено море [111]

Автор:

Иако напишан во 1934 година, генијалниот краток роман „Девствено море”, поради будните цензори, објавен е дури во 1986 година. Во романот, со необична книжевна вештина и со голема емотивна убедливост е прикажана апсурдноста како клучна животна одредница. Луѓето за време на колективизацијата се означени со броеви. Животните услови на луѓето и животните не се разликуваат …

Девствено море [111] Read More »

Vita activa (Подвизите и авантурите на еден доушник) [110]

Автор:

„Vita activa“ настана како луциден одговор на насилството на државата над поединецот. Меѓутоа, целта на тој одговор не е одмаздата. Целиот роман се состои од обиди да се разберат мотивите и механизмите – практични и психлошки – на дејствувањето на доушникот. Така, во тој обид да се разбере она што е морално неприфатливо, средишното место …

Vita activa (Подвизите и авантурите на еден доушник) [110] Read More »

Толкувачот [109]

Автор:

„Толкувачот“ е роман за тоа како еден симултан преведувач е најмен од еден англиски спортски новинар, кој истражува за што навиваат Албанците среде дневно-политичкит превирања. Романот поттикнува обид да се разбере секојдневието не само од гледна точка на преведувачот, кој се труди да му протолкува на странецот што се случува во неговата земја, туку ги …

Толкувачот [109] Read More »

Босанците го трчаат почесниот круг [108]

Автор:

Во основата на романот лежи приказната за војната, иако е раскажана посредно, како збир од приказни кои главната хероина и нараторка ги слушнала од своите сограѓани од босанската паланка. Тромук е своевидна босанска Јокнапатафа во која се раѓаат митски ликови, поголеми од животот, но кои како да се онеспособени за живот. Слично на Едип, ликовите …

Босанците го трчаат почесниот круг [108] Read More »

Џенем – Душан Чатер [107]

Автор:

Џенем е турски збор за пекол. Оваа книга содржи токму шест пеколни приказните кои се тематски поврзани и ги прикажуваат животите на неколку егзистенцијални туѓинци во Словенија. Смешни, тажни, среќни и трагични раскази!      

Падот на Колумбија [106]

Автор:

Падот на Колумбија е книга која се заснова на историски документи, белешки од сведоците и реконструкција на медиумите кои се поврзани со подемот на Слободан Милошевиќ во 1988 година и убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓик во 2003.      

Секој со своето езеро [104]

Автор:

Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта… Околу едно немирно мастилаво езеро. Расказите во книгава вчудоневидуваат и речиси сите редовно уште на самиот почеток ја кршат реалната и стабилна основа врз која стапнува читателот. Авторот брзо и возбудливо го ниша …

Секој со своето езеро [104] Read More »

Дипломец [103]

Автор:

Книгата „Дипломец“ на Чарлс Веб е еден исклучителен роман кој во 1967 година беше засенет од неговата филмска адаптиција во режија на Мајк Николс и главна улога на Дастин Хофман. Издаден во 1963 година, во екот на хипи ерата во Америка, четири години пред излегувањето на филмот, овој роман претставува совршен рез на американското општество и портрет за отуѓувањето на младите и нивното разочарување од една ера. Богата со луциден, прецизен и ироничен дијалог, со кој феноменално се доловени акциите и ликовите во нивната болна изолираност, книгата ја следи приказната на Бенџамин Бердок кој веднаш по успешното дипломирање сосема случајно се впушта во афера со жената на најдобриот пријател на неговиот татко, госпоѓата Робинсон. Кулминацијата на приказната, која суптилно се навестува уште од самиот почеток, го достигнува својот врв во мигот кога на сцената се појавува Елејн, ќерката на Робинсонови која го руши балансот на приказната, вртоглаво носеќи го наративот во разрешница.