Магма

Европеана [113]

Автор:

„Гласот на раскажувачот е смешен, научен, инфантилен, саркастичен и мрачен… Европеана е многу чудно историско дело и генијално уметничко дело.“ (Chicago Review) „Трагикомична проза која прави поетите да плачат од завист, која прави сите да плачат.“ (The Village Voice) „Допирајќи теми и настани кои се сосема различни, како градникот, куклата Барби, скиентологијата, евгениката, интернетот, војната, …

Европеана [113] Read More »

Намали малце чалам

Автор:

Џанго Помалиот пишува најкуса проза и објавува на Фејсбук. Изминатава деценија е активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот. Прозата е објавена и на Окно. Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ. Џанго Помалиот е …

Намали малце чалам Read More »

Морковче

Автор:

Жил Ренар (1864-1910) ќе остане запаметен во историјата на книжевноста поради овој роман инспириран од неговото несреќно детство. Морковче е едно од најзначајните книжевни сведоштва за детството; благодарение на бројните адаптации во театарска и филмска форма постигнува огромна популарност. Напишан со нетипична комбинација на суровост и наивност, романот „Морковче“ може да се чита и како …

Морковче Read More »

Имагинарни животи

Автор:

Марсел Швоб (1867-1905) денес се смета за значаен иноватор во книжевноста, а неговото име стои заедно со имињата на Маларме, Мирабо, Жид, Ренар, Жари… Бил доктор по класична филологија и ориентални јазици. Неговото дело ја прикажува грчкоримската култура и најскандалозните личности од тоа време. Во текстовите често е заинтересиран за мрачните, садистички и ужаснувачки аспекти …

Имагинарни животи Read More »

Одбрани трудови – Горан Петревски [112]

Автор:

Кокетирајќи и истовремено иронизирајќи со научниот дискурс,  Горан Петревски во своите прози кои „не се раскази“ го прави токму она што еден добар писател (и научник) треба да го прави: подотвора врати од темни простории во кои многумина не се осмелуваат да влезат, ниту пак да ѕирнат. Со студен тон и  структура на научно дело, …

Одбрани трудови – Горан Петревски [112] Read More »

Девствено море [111]

Автор:

Иако напишан во 1934 година, генијалниот краток роман „Девствено море”, поради будните цензори, објавен е дури во 1986 година. Во романот, со необична книжевна вештина и со голема емотивна убедливост е прикажана апсурдноста како клучна животна одредница. Луѓето за време на колективизацијата се означени со броеви. Животните услови на луѓето и животните не се разликуваат …

Девствено море [111] Read More »

Vita activa (Подвизите и авантурите на еден доушник) [110]

Автор:

„Vita activa“ настана како луциден одговор на насилството на државата над поединецот. Меѓутоа, целта на тој одговор не е одмаздата. Целиот роман се состои од обиди да се разберат мотивите и механизмите – практични и психлошки – на дејствувањето на доушникот. Така, во тој обид да се разбере она што е морално неприфатливо, средишното место …

Vita activa (Подвизите и авантурите на еден доушник) [110] Read More »

Толкувачот [109]

Автор:

„Толкувачот“ е роман за тоа како еден симултан преведувач е најмен од еден англиски спортски новинар, кој истражува за што навиваат Албанците среде дневно-политичкит превирања. Романот поттикнува обид да се разбере секојдневието не само од гледна точка на преведувачот, кој се труди да му протолкува на странецот што се случува во неговата земја, туку ги …

Толкувачот [109] Read More »