Магма

Раскази од другиот џеб [102]

Автор:

За расказите од книгата „Раскази од другиот џеб“ самиот Чапек вели: „Првиот мој интерес за детективски приказни произлегува од проблемот како се познава и се открива стварноста. Овие раскази се стимулирани од литературен мотив, од проблемот на колонијалниот јазик, разговорниот јазик во сите негови нијанси“. Во нив тој ја достигнува кулминацијата на раскажувачката техника. Од широкото пространство на разговорниот јазик тој го собирал својот раскажувачки материјал, без естетски скрупули ги искористил жанровските елементи на авантуристичкиот роман и детективските приказни, не плашејќи се да го привлече секојдневниот читателски интерес и да му пружи можност за литературно забавување.

Заедно со збирката „Раскази од едниот џеб“, Чапек напишал 48 раскази кои ја деконструираат приказната полна со мистерија преку прекршувањето на многу литерарни правила. Неговиот уникатен пристап кон загадочноста на правдата и вистината е полн со обичности и необичности, со хумор и хуманизам.

Меше на годината [101]

Автор:

Жанровски, „Меше на годината” е флуидна, хибридна книга составена од триесетина песни во проза и повеќе куси прозни парчиња што само условно може да се наречат гатанки. Иако нумерирани, прозните секвенци функционираат како сосема независни структури, што допушта флексибилност во нивното восприемање. Текстот во голема мера се темели врз спојот на диспаратни и навидум неспоиви …

Меше на годината [101] Read More »

Обични и необични приказни [99]

gjole

Автор:

Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на македонскиот писател и преведувач Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и …

Обични и необични приказни [99] Read More »

Антологија на светскиот расказ – Пат околу светот во 20 раскази [98]

antolgoija

Автор:

Пат околу светот во 20 раскази „Пат околу светот во 20 раскази“ претставува антологија на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век. 20 застапени раскази нудат патување низ разновидните раскажувачки преокупации, поетики и жанрови кои доминираа со оваа форма. Во книгата се застапени речиси сите модалитети на краткиот расказ: фантастика, магичен реализам, психолошки расказ, …

Антологија на светскиот расказ – Пат околу светот во 20 раскази [98] Read More »

Најдобриот расказ на светот [97]

Автор:

„Најдобриот расказ на светот“ претставува избор од најрепрезентативните раскази на Радјард Киплинг. Во книгата се забележува целата умешност на неговото раскажувачко мајсторство. Расказите изобилуваат со богатство од егзотични локации, живописни ликови од различни општествени слоеви, драматични човечки судбини. Јазикот е богат, полн со идиоми, технички и технолошки термини, како и нетипични јазични конструкции.   Храбриот …

Најдобриот расказ на светот [97] Read More »

Сенилност [96]

senilnost

Автор:

Романот „Сенилност“ е објавен во 1898 година и според многумина е најзначајно дело на Итало Звево. Иако напишана на крајот од XIX век, по својот сензибилитет „Сенилност“ ги најавува најважните книжевни опсесии на XX век. Тој е автор преокупиран со „окнижевување на животот“. Според него, дефинитивно „мртов“ е само оној живот кој не е прераскажан. …

Сенилност [96] Read More »

Америка [95]

amerika - kafka

Автор:

Америка е првиот недовршен роман на Франц Кафка, објавен постхумно во 1927 година. Романот ги опишува чудните талкања во САД на седумнаесетгодишниот иселеник од Европа, Карл Росман, присилен да замине во Њујорк по скандалот предизвикан од љубовната врска со една слугинка. Насловот Америка го дал неговиот пријател Макс Брод, кој го составил и објавил ракописот. …

Америка [95] Read More »

Уморни раскази [94]

matos

Автор:

Творештвото на Матош е на некој начин пресвртно во историјата на хрватската книжевност: слободно може да се каже дека без неговите остварувања, посебно на полето на критиката, есејот и поезијата, не би постоела денешната хрватска книжевност. Многу подоцнежни хрватски автори не би биле можни доколку Матош не ја оттргнал хрватската книжевност од летаргијата на провинцијализмот …

Уморни раскази [94] Read More »