Контингентност, иронија и солидарност [5]

Автор:

Како лакмус за статусот на филозофијата, но и како извор на една нова филозофска рефлексија, Рорти го користи либерализмот, сфатен како најважна насока на социјалната филозофија. Рортиевиот мошне решително искажан став за политиката а против Филозофијата треба да се разбере во контекст на разликата помеѓу класичната и новата филозофија. Тој ја избира иронијата како можеби …

Контингентност, иронија и солидарност [5] Read More »

Градина на мачењето [77]

Автор:

Градината на мачењето е роман за човечките нагони, за нагонот за убивање, за крајните граници на човековата бесчувствителност и суровост. Мирбо ги истражува врските меѓу најмрачните уништувачки сили во човекот и љубовното задоволство во кое се мешаат измачувањето и страдањето. Во маѓепсаниот круг што го создаваат ликовите, се губат границите меѓу задоволството и болката, меѓу …

Градина на мачењето [77] Read More »

Другиот правец [4]

Автор:

Според многумина, Жак Дерида е најконтроверзниот писател на нашето време. Едни сметаат дека е “пророк” на нихилизмот и рушител на сите канони на рационалноста, други го гледаат како најзначајниот филозоф што се појавил по Втората светска војна. Со остроумни, прецизни и отсечни движења, тој е убиецот на традицијата на западната метафизика и на логоцентризмот. Во …

Другиот правец [4] Read More »

Ловец на стаорци [76]

Автор:

Александар Грин (Александар Степанович Гриневски, 1880-1932) е претставник на рускиот романтичарски реализам. Уште од детството ги сакал книгите за морепловство, патувања и авантури, и мечтаел да стане морнар. Во животот работел разни професии кои подоцна ќе му станат инспирација за многу од неговите авантуристички раскази. Неговата историја кај луѓето предизвикува желба за еден поинаков живот, …

Ловец на стаорци [76] Read More »

Модерноста и самоидентитетот – Сопството и општеството во доцната модерна ера [3]

Автор:

Веќе со години Ентони Гиденс е еден од најважните и најпродуктивните социолози, за што сведочат 30 книги преведени на 22 јазици. Последните години тој е посебно влијателен, бидејќи програмски ги осмисли Тони Блер и неговите Нови Лабуристи. Неговата најпопуларна социолошка книга, Третиот пат, тргнува од тезата дека социјализмот станува конзервативен а конзервативизмот радикален и дека …

Модерноста и самоидентитетот – Сопството и општеството во доцната модерна ера [3] Read More »

Отпечатоци врз коцки мраз [75]

Автор:

Ако мене ме прави среќен остварувањето на мојата желба таа да биде среќна, а нејзе таа моја желба не ја прави среќна, тогаш нема смисла упорно да ја барам, зашто тоа не би било љубов, туку најобична себичност.  

Траума и закрепнување [2]

Автор:

Ова е книга за обновувањето на врските: помеѓу јавниот и приватниот свет, помеѓу индивидуата и заедницата, помеѓу мажите и жените. Ова е книга за сличностите: помеѓу жртвите на силување и воените ветерани, помеѓу малтретираните жени и политичките затвореници, помеѓу оние што ги преживеале големите концентрациони логори создадени од тираните што владеат со нациите и оние …

Траума и закрепнување [2] Read More »

Старица и други раскази [74]

Автор:

Старица има неколку значења: како прво, тоа е биографски текст, кој ги одразува реалните црти од животот на Хармс лично и неговите пријатели; како второ, тоа е психолошки текст, поврзан со самотијата и со обидите да се избега од неа; како трето, тоа е фантастичен текст: една ужасна и одвратна старица има чудна власт над …

Старица и други раскази [74] Read More »