20/21 век

Причините за распаѓањето на СФРЈ [12]

Автор:

  Со научнопопуларен стил, со употреба на архивски извори и историска граѓа, со користење на цитати од главните актери на “југословенската драма” (1974-1990), Дејан Јовиќ на читателите им ги образложува идеолошките, економските, етничките, културните и правните причини поради кои Југославија како идеократска творба – изумре.  

Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за Лакан… … а сте се плашеле да го прашате [11]

Автор:

Делата на модернизомот по правило се “неразбирливи”; функционираат како шок, како наезда на трауматско доживување кое го подрива задоволството на секојдневието, и се опира на интегрирањето. Она што постмодернизмот го прави е нешто сосема спротивно: во постмодернистичката перспектива предметите par excellence се производ кој масовно се обраќа; целта на постмодернистичкиот приод е да се отуѓи …

Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за Лакан… … а сте се плашеле да го прашате [11] Read More »

Култура Анимација Менаџмент Маркетинг [10]

Автор: ,

  Елитистички насоченото сфаќање на поимот култура е нешто што се уште е блиско за средината во која живееме. Недоволната упатеност во сето она што го опфаќа комплексниот свет на културата не доведува во незавидна положба кога станува збор за нејзиното подлабоко согледување кое, меѓу другото, подразбира и излегување од “кабинетите”, во функција на унапредување …

Култура Анимација Менаџмент Маркетинг [10] Read More »

Ајхман во Ерусалим Извештај за баналноста на злото [9]

Автор:

Не е спорно: Хана Арент (Hannah Arendt, 1906-1975) е меѓу највлијателните мислители на минатиот век, но се чини дека нејзиното време допрва доаѓа, како голем познавач на врската меѓу политиката и насилството и како некој што длабоко и лично го истражувал феноменот на политичката природа на злото. Самата Арент инсистирала дека таа во прв ред …

Ајхман во Ерусалим Извештај за баналноста на злото [9] Read More »

Зборник текстови: Културен идентитет – разлика во себе [8]

Автор:

  Во каков однос стојат културниот и националниот идентитет? Дали културниот идентитет му претходи на националниот? Дали е дел од него? Или можеби културниот идентитет е повисока категорија од етничкиот или верскиот идентитет? Која е врската помеѓу идентитетот и самопретставувањето? Дали културниот идентитет со себе повлекува и културни права? Дали насилството создава и уништува идентитети? …

Зборник текстови: Културен идентитет – разлика во себе [8] Read More »

Утопистика или Историските избори на 21-иот век [7]

Автор:

Со извонредно знаење на историјата (тој впрочем е еден од најпровокативните историчари на капитализмот), големиот американски социолог, основачот на светско-системската анализа, Имануел Волерстин (1930-), во оваа книга ни дава предвидувања за она што допрва ќе се случува со планетарниот политички и економски поредок. Неговите длабоко втемелени согледби велат дека во следните педесетина години светот го …

Утопистика или Историските избори на 21-иот век [7] Read More »

Против методот [6]

Автор:

Овој есеј е пишуван со убедување дека анархизмот, иако можеби не е најпривлечна политичка филозофија, без сомнение е одличен лек за епистемологијата и за филозофијата на науката. Не е тешко да се најде причината. “Историјата општо, а посебно историјата на револуциите, секогаш е побогата во содржината, поразновидна, помногустрана, пожива и посуптилна отколку што” дури и …

Против методот [6] Read More »

Контингентност, иронија и солидарност [5]

Автор:

Како лакмус за статусот на филозофијата, но и како извор на една нова филозофска рефлексија, Рорти го користи либерализмот, сфатен како најважна насока на социјалната филозофија. Рортиевиот мошне решително искажан став за политиката а против Филозофијата треба да се разбере во контекст на разликата помеѓу класичната и новата филозофија. Тој ја избира иронијата како можеби …

Контингентност, иронија и солидарност [5] Read More »