Едиции

Збогум, Берлин [1]

Автор:

„Збогум, Берлин“, роман првпат објавен во 1939 година, е збирка на полуавтобиографски записи водени во почетокот на триесеттите години во велеградот на Вајмарската република. Станува збро за шест „грубо поврзани целини“, како што вели авторот Ишервуд. Своевидниот берлински дневник ја доловува атмосферата во Берлин непосредно пред нацистичкото преземање на власта. Разјаден од економската криза и …

Збогум, Берлин [1] Read More »

Проститутката која го сакаше својот мевосек

Автор:

„Проститутката која го сакаше својот мевосек!“ содржи околу 70 колумни на Бранко Тричковски напишани во периодот 2013-2015. Во книгата се застапени и четириесетина илустрации („монтажи“) на Свирачиња, така што книгата всушност е авторско дело на Бранко Тричковски и на Свирачиња. Од предговорот на авторот: Феноменот на ВМРО е можен само во средини со ниска политичка …

Проститутката која го сакаше својот мевосек Read More »

Името на злото

Автор:

Книгата „Името на злото“ содржи текстови и колумни на Мирослав Грчев, еден од најголемите противници на груевистичкиот режим, пишувани во периодот 2006-2014. На нешто помалку од 400 страници, Грчев храбро и немилосрдно ја демаскира глупоста и штетноста на владејачката гарнитура на ДПМНЕ која ја води Македонија во пропаст. Од предговорот на авторот: „Читањето на тектонските …

Името на злото Read More »

Популарна музика: теорија и историја

Автор:

Студијата на Жабева Папазова е своевидно сублимирање на најважните музиколошки, но и интердисциплинарни истражувања за популарната музика. Содржината е поделена на два дела: теориски и историски, кои паралелно го откриваат развојот на популарната музичка култура. Книгава, во која преовладува јасната научна мисла, може да служи како прирачник во стручните музички образовни институции за одделите поврзани …

Популарна музика: теорија и историја Read More »

„Како така? Зошто така?“ Сè да знае светот сакал! (песните за деца)

Автор:

Славко Јаневски (1920-2000) е најважниот македонски писател за деца, а можеби и за возрасни. Од петнаесетината негови детски книги напишани во периодот 1945-1996 овде ги издвоивме, според нас, неговите педесетина најдобри поетски творби. Песните ги поделивме во осум циклуси: Глас до глас сме, Пошла прва камила…, Алала Алилија, Ти си само плашлив зајак!,Ако не е …

„Како така? Зошто така?“ Сè да знае светот сакал! (песните за деца) Read More »

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (избор од поезијата) [2]

Автор:

Тој е поет на изненадувањето, на авантурата, на чудесата и чудесиите, на овоземните миракли. Тој е поет на нескротлива, еруптивна поетска имагинација, кој не наоѓа дефинитивен поетски пристан, ниту едно дефинитивно и завршено поетско устројство на својата поезија. Јаневски е поет на шокантни, на ирационални сновиденија, на фасцинацијата, на бизарни хумористички проблесоци, на фантазмите и …

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (избор од поезијата) [2] Read More »

Птици врз кои ноќта и денот се делат (стоте песни) [01]

Автор:

Се разбира дека Блаже Конески е првиот лик на модерна Македонија, не само во нашава едиција, туку и во целокупниот 20 век. Од неговата разграната и мошне значајна работа во разни области (кодификатор на јазикот, главен уредник на речникот на македонскиот јазик, лингвист, теоретичар, професор, втемелувач и претседател на МАНУ, културен работник…), ние сепак ја …

Птици врз кои ноќта и денот се делат (стоте песни) [01] Read More »

Одбрани трудови – Горан Петревски [112]

Автор:

Кокетирајќи и истовремено иронизирајќи со научниот дискурс,  Горан Петревски во своите прози кои „не се раскази“ го прави токму она што еден добар писател (и научник) треба да го прави: подотвора врати од темни простории во кои многумина не се осмелуваат да влезат, ниту пак да ѕирнат. Со студен тон и  структура на научно дело, …

Одбрани трудови – Горан Петревски [112] Read More »